Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј
24 февруари 2025На третата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина, се случи експлозија кај рускиот генерален конзулат во Марсеј, Франција. Три експлозивни направи биле фрлени кон ѕид од конзулатот, од кои две експлодирале, изјави портпаролка на полицијата. Според полицијата, нема повредени. Напаѓачот побегнал по нападот. Полицијата засега нема подетални информации за експлозивните направи. Таа, исто така, првично не соопшти ништо за мотивот. Ообвинителството покрена истрага за штета, но истовремено соопшти и дека не е констатирана штета.
Руското Министерство за надворешни работи во Москва ги повика француските власти целосно да ги истражат експлозиите. Има знаци на терористички напад, изјави портпаролката Марија Захарова. Спортед неа, Франција мора да преземе чекори за подобрување на безбедноста на руските претставништва во таа земја.