Еми и Стојче Тоциновски се уметници, колеги и сопружници, уметничко дуо кое слика без скица, без договор, туку по срце. Дланките на двајцата академски сликари истовремено создаваат ново платно. Ги инспирира македонската архитектура, македонската куќа, македонската црква, нешто што е традиционално и автохтоно.