You need to enable JavaScript to run this app.
Прескокни до содржината
Прескокни до главната навигација
Кон други страници на DW
Најнови видеа
Региони
Северна Македонија
Балкан
Германија
Европа
Рубрики
Политика
Економија
Општество
Животна средина
Панорама
Во фокус
Војна во Украина
Balkan Booster
Избори 2024
Најнови видеа
ТВ во живо
Реклама
Фотографија: DW
Balkan Booster
Млади новинари од Балканот во потрага по нераскажани приказни од регионот!
Balkan Booster: „Да не постоеше, ќе требаше да се измисли“
Прескокни го блокот Сите содржини на оваа тема
Сите содржини на оваа тема
#dw_BalkanBooster: Шабац - тоа е ракомет, тоа е Металопластика
Што би можело едно момче од Шабац да му покаже на млад дојденец од Урошевац во својот град? Се разбира, трофејната соба на ракометниот клуб Металопластика. Посебно заради тоа што овој клуб во своите златни години имаше и дуели со Борец од Урошевац. Нашиот #dw_BalkanBooster тандем, Филип и Дрилон, разговараше со една од легендите на градот.
#dw_BalkanBooster: „Видов четири фудбалски терени за пет минути“
Шабац, град на Сава, познат како мал Париз или српски Верден поради сосема различни причини. Но Дрилон Малоку од Урошевац прво што забележа беа фудбалските терени. Тој е првпат во Шабац, во посета на Филип Лукиќ, кој го однесе на Цер, место на голема српска победа во Големата војна. #dw_BalkanBooster тандемот оваа недела ќе ви донесе интересни приказни од Шабац.
#dw_BalkanBooster: „Подобро е да се молчи“
Филип Лукиќ, млад новинар од Шабац, оваа недела му е домаќин на својот колега од Урошевац, Дрилон. Како ќе помине #dw_BalkanBooster тандемот во овој српски град, ќе следиме неделава. Инаку, Филип веќе беше на Косово, пред нешто повеќе од еден месец. Тоа за него беше прва посета на Косово. Какви му се впечатоците?
#dw_BalkanBooster: Сите страдаа
За херцеговското село Пребиловци велат дека е симбол на страдањата, но и надежта на српскиот народ во Херцеговина. #dw_BalkanBooter тандемот Азем и Валентина ја имаат видео-приказната за местото, во кое само што жртвите од Втората светска војна го нашле својот конечен мир, веќе се случила нова трагедија.
#dw_BalkanBooster: Ниту надеж ниту перспектива
„Најсреќен сум кога сум надвор од Чапљина“ - вели за #dw_BalkanBooster Маринко Шање, кандидат од социјал-либералната и мултиетничка Наша странка за Собранието на Херцеговско-неретванскиот кантон на изборите одржани во октомври. Маринко Шање со Азем и Валентина разговара за положбата на младите, политиката и за тоа како е да се биде поинаков.
#dw_BalkanBooster: Симпатичната Чапљина
Чапљина е „смишна“, што на сплитски сленг значи слатка или симпатична. И, се чини дека во овој град во БиХ најголемите хрватски навивачки ривали - се сакаат. Тоа се првите впечатоци на #dw_BalkanBooster тандемот Валентина и Азем во градот на четири реки, во кој се виорат хрватски знамиња.
#dw_BalkanBooster: Антинационалисти и останати
Срѓан Сандиќ една недела ѝ беше домаќин на Јована Ристиќ во Осијек. На крајот на ова #dw_BalkanBooster дружење двајцата ги резимираа впечатоците на осијечката Тврѓа.
#dw_BalkanBooster: Масовно иселување
Осијек, официјално четврт по големина град во Хрватска, според пописот од 2011-та имал 108.000 жители. Денес е помал за над 20.000 луѓе. Куќи во Барања може да се најдат веќе по цена од 6.000-7.000 евра. До 2030-та источна Хрватска би можела да има дури петтина жители помалку отколку во 2011. #dw_BalkanBooster тандемот во Осијек, Срѓан и Јована, за миграциите разговараше со студенти по социологија
#dw_BalkanBooster: За срамот и „нашето“
Дали „Лијепа наша“ (Хрватска) е навистина убава и дали е наша (хрватска), ако речиси ништо веќе не е наше? Кој треба да се срами и поради што? Срѓан и Јована од нашиот #dw_BalkanBooster тим во Осијек за ова разговараа со уметникот Марио Матоковиќ, добитник на Ректоровата награда на универзитетот во Осијек и асистент на Уметничката академија.
#dw_BalkanBooster: „Уште ли ќе се занимаваме со усташи, четници и партизани?“
Што е соочување со минатото? Се враќаат ли Србите во Осијек? Кој се обраќа до Центарот за мир, ненасилство и човекови права? За тоа нашиот #dw_BalkanBooster тим во Осијек разговараше со Веселинка Кастратовиќ, мировна активистка во Центарот, која со нас го сподели и приватното и професионалното искуство.
dw_BalkanBooster: Не чао, туку бок!
Новинарот и писател Срѓан Сандиќ ја посети новинарката Јована Ристиќ во нејзиното Врање, на југот на Србија. Таа сега му возвраќа посета во градот во кој никогаш не била - Осијек. Што прво ѝ привлекло внимание? Следете го нашиот #dw_BalkanBooster тим оваа недела во Осијек.
#dw_BalkanBooster: Албанија и верската толеранција
Има ли во Албанија верска толеранција, ги прашаа граѓаните на Валона нашиот #dw_BalkanBooster тандем, Ермелинда и Егзона. Одговорите даваат слика за верски соживот.
#dw_BalkanBooster: Ние младите можеме сѐ!
Младинската организација во Валона работи секојдневно со младите во градот на албанското крајбрежје. Им дава простор да бидат креативни и сами да наоѓаат решенија за проблемите во својата локална заедница. Со младите во градот разговараше #dw_BalkanBooster тандемот Ермелинда и Егзона.
#dw_BalkanBooster: Валона - град на спомени
Валона е град во којшто е прогласена независноста на Албанија. #dw_BalkanBooster тандемот Ермелинда и Егзона најавуваат интересна прошетка по градот полн со историја и споменици.
Заборавената Лотика на Андриќ
Лотика е главна јунакиња во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Таа не е фикција, туку вистинска личност која живеела во Вишеград цели 58 години. #dw_BalkanBooster тандемот Леа Котлица и Љупко Мишелиќ ја пренесува приказната за оваа заборавена жена.
#dw_BalkanBooster: „Се сеќавам на некакво пукање, но ништо посебно“
Дали се сеќавате на војната? На ова прашање средовечните и постарите луѓе во Босна и Херцеговина ќе ви одговорат сигурно потврдно. Но, како е со младите? Што тие знаат за војната, како ја преживеале, што за тоа учеле на училиште? Нашиот #dw_BalkanBooster тандем, Леа и Љупко, ова прашање им го поставија на младите во Вишеград. Одговорите се, во најмала рака, неочекувани:
#dw_BalkanBooster: Од каде Андриќ во Андриќград?
Екипата на #dw_BalkanBooster го посети Андриќград, при што Леа со чудење забележа: „На овој мозаик нема ниеден лик од роман на Андриќ, но ги има Чак Норис, Кустурица, човек за кој не знаеме дали е Ќопиќ или Шешељ и непозната девојка која држи кокошка пред Новак Ѓоковиќ“. Идеен творец на Андриќград е Емир Кустурица.
#dw_BalkanBooster: Насмевка на слободата
Љубо Чупиќ е роден во 1913. во САД. Во Југославија пристигнал во 1930-те, за да учи во Никшиќ. Во текот на студиите во Белград ѝ се приклучил на Комунистичката партија. Немал ни 30 години кога четниците во 1942. го осудиле на смрт. Како комесар на чета на Никшиќкиот партизански одред пркосел до крај. Пред стрелачкиот вод застанал со широка насмевка. Таа фотографија го има обиколено светот.
#dw_BalkanBooster: Кој како ќе се снајде...
Никшиќ, покрај Подгорица, единствен поголем град во Црна Гора, е место каде бледее перспективата. Жители има сѐ помалку и се сѐ постари. Нашиот тандем од #dw_BalkanBooster во Никшиќ ги праша минувачите, посебно младите - се надеваат ли на подобрување, дали планираат заминување или им е сеедно?
#dw_BalkanBooster: Бедемот на Никшиќ
Новинарката Јелена Контиќ во Никшиќ го пречека колегата од Тирана, Ардит Точа и тоа на - Бедем. Никшиќката тврдина од времето на Римјаните била место каде што се воделе многу битки. Денес таа е место од каде може да се набљудуваат незаборавни залези на сонцето. Во текот на неделава - нови приказни од Никшиќ под #dw_BalkanBooster.
Претстави без театар
И по шест години од пожарот, зградата на театарот во Врање сѐ уште е руина. Актерите и режисерите кои зборуваат за #dw_BalkanBooster се снаоѓаат како знаат и умеат. На преставите не оди речиси никој. Па, сепак, театарот добива пофалби. Директорот најавува обнова на зградата и најубаво бифе со кабаре во Србија.
Бора и Врање
Баба Злата беше посебна баба- впрочем нема секоја бабичка улица во Врање. Во оваа улица се наоѓа родната куќа на великанот на српската книжевност- Бора Станковиќ, кого го изгледала токму баба Злата. Јована и Срѓан за #dw_BalkanBooster беа во оваа куќа која годишно ја посетуваат илјадници луѓе.
Ќе „радимо“!
Јована го пречека Срѓан од Осијек во центарот на Врање, кај еден од симболите на градот кој вандалите, од непознати причини, постојано го оштетуваат. Имаше и обиди за врањански акцент со, мора да се каже, делумен успех :) Тоа е тандемот на #dw_BalkanBooster оваа недела!
#dw_BalkanBooster: Размена на територии?
Нашиот #dw_BalkanBooster тандем во Урошевац ги праша минувачите што мислат за идеите и гласините за размена на територии или за поделба на Косово. Некои се против таков договор со Србија, а други само гледаат што побрзо да избегаат од Косово.
#dw_BalkanBooster: Вистината е во средина
Македонско-грчкиот тандем во рамките на #dw_BalkanBooster, Кристина и Алексија, пет дена заедно работеа во Скопје и беа во потрага по актуелни теми во предреферендумска Македонија. Нивната соработка по неколку недели продолжува во Солун.
Ревизија на учебниците?
Ќе има ли потреба од ревизија на учебниците согласно Договорот за решавање на спорот за името?
#dw_BalkanBooster: Ревизија на учебниците?
Договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името, меѓу другото, предвидува и формирање Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања. Тој има задача и доколку е неопходно да изврши ревизија на учебниците. Проблем кој не е лесен, а тоа го знае и нашиот #dw_BalkanBooster тандем, Кристина и Алексија, кои се занимаваа со темата.
#dw_BalkanBooster: Симболи на соживот
Во Урошевац една покрај друга стојат црква и џамија, како симболи на соживот... некогашниот соживот, зашто во овој косовски град веќе нема Срби. Но, локалниот имам и православниот свештеник се договориле да го урнат ѕидот меѓу двата верски објекта, за тие да го делат и дворот. Имамот Насер Косуми разговараше со нашиот #dw_BalkanBooster тандем во Урошевац.
„Се надевам само дека нема сите да се изедат едни со други“
Како ја гледате вашата иднина? Кусо прашање кое #dw_BalkanBooster им го постави на младите луѓе на улиците на Скопје.
#dw_BalkanBooster: „Се надевам само дека нема сите да се изедат едни со други“
Како ја гледате вашата иднина? Тоа е кусото прашање кое нашиот #dw_BalkanBooster тандем во Скопје - Кристина и Алексија, им го поставија на младите луѓе на улиците на главниот македонски град. Кај едни - надеж дека референдумот ќе ја промени иднината, кај други - скепса.
#dw_BalkanBooster: За цензурата
Косовско-српскиот тандем во #dw_BalkanBooster се сретна со 22-годишниот писател од Косово, Азем Делиу. Како младиот автор гледа на цензурата во литературата и дали нејзината улога во општеството е променета?
#dw_BalkanBooster: Во потрага по македонско-грчки приказни
Македонската новинарка Кристина Озимец во Скопје ја пречека грчката колешка Алексија Калаиѕи. Двете во рамките на #dw_BalkanBooster ќе трагаат по приказни кои ги допираат односите на Македонија и Грција.
#dw_BalkanBooster 2017
#dw_BalkanBooster во Скопје
#dw_BalkanBooster во Скопје
#dw_BalkanBooster: Против поделбите и национализмот
Во рамките на проектот на ДВ, #dw_BalkanBooster, 14 млади новинари од септември до декември известуваат од регионот.
#dw_BalkanBooster: Урошевац или Феризај?
Филип Лукиќ од Шабац неделава е во Урошевац, за кој до неодамна не знаел дека е истиот град како и Феризај. Како градот го добил името, му раскажа неговиот домаќин Дрилон Малоку. Двајцата се српско-косовскиот тандем на #dw_BalkanBooster.
#dw_BalkanBooster: Идентификацијата со албанското и косовското знаме
Тандемот Ермелинда-Егзона го завршува патувањето на Косово во рамките на #dw_BalkanBooster не со макијато во Приштина, туку со чај! Некои претстави на Ермелинда од Тирана за животот на Косово сега се распрснати, но има и такви кои се потврдени. На пример, за патриотизмот. Еве ги последните моменти од авантурата Balkan Booster во Приштина...
#dw_BalkanBooster: Амамот во Вучитрн
Егзона и Ермелинда ја продолжуваат својата #DW_BalkanBooster авантура на Косово. Тие го посетија и еден од најстарите градови на Косово-Вучитрн со прочуениот амам изграден во 15. век.
Женска кошарка на Косово
Првите чекори на тимот Косово-Албанија за #dw_balkanbooster во Приштина ги одведоа на кошаркарски натпревар. Како изгледа женската кошарка на Косово и дали младите можат да се идентификуваат со овој спорт? За ДВ од Приштина известуваат Егзона и Ермелинда.
На макијато во Приштина
Запознајте ги Ермелинда од Албанија и Егзона од Косово. Нивното патешествие во рамките на проектот #dw_BalkanBooster започнува со макијато во Приштина...
#dw_BalkanBooster: Во борба против „штетниците“ во општеството
Квартот Трстеник во последните години стана жариште на урбаната уметност во Сплит, кој во воените 1990-ти загуби многу од својата урбаност. Трстеник го доби значењето на „арт кварт“ благодарение на уметничкото здружение Кварт. Членовите на Кварт, кои живеат и работат во Трстеник, наместо во галерии, делата ги излагаат на јавен простор. #dw_BalkanBooster тимот разговараше со уметникот Милан Бркиќ.
#dw_BalkanBooster: „Исто како да сум во Хрватска!“
На што помислуваат луѓето во Сплит кога ќе се рече „Босна“ и што мислат за Босанците? Новинарите Азем и Валентина од нашиот #dw_BalkanBooster тим, овие прашања им ги поставија на луѓе на популарниот сплитски пазар. Чујте ги одговорите:
#dw_BalkanBooster: Млади новинари против поделбите и национализмот на Балкан
Во рамките на проектот на Дојче веле, #dw_BalkanBooster, 14 млади новинари од септември до декември ќе известуваат од различни земји од Балкан. Тие ќе работат во тандеми и ќе донесат интересни приказни од најразновидниот агол во Европа - Балкан.
#dw_BalkanBooster: Балкански приказни и теми за дилеми
На 3 септември почнува вториот серијал од проектот #dw_BalkanBooster! Минатата година испративме млади од регионот да ги побараат приказните на Балканот. Тие пишуваа, снимаа, се дружеа и го набљудуваа Балканот одблиску. Авантурата сега продолжува: новинарот од БиХ, Азем Куртиќ, во Сплит ја среќава филмаџиката Валентина Баталиќ. Како „предјадење“ еве што го правеа минатогодишните Бустеровци:
Проблемите и шансите на Балканот
Милиони Фејсбук и Твитер фанови на ДВ на 5 јазици следеа 14 млади луѓе, кои од 7 држави испратија повеќе од 100 приказни
Десетиците приказни на #dw_BalkanBooster, проблемите и шансите
Милиони читатели и гледачи последните месеци на Фејсбук и Твитер страниците на пет јазици на ДВ следеа 14 млади луѓе кои од седум држави на Балканот испратија повеќе од стотина приказни. Впечатоците од #BalkanBooster ги сумиравме на собирот во Тирана.
#dw_BalkanBooster: „Вени, види и види пак“
Со писателите од Македонија и Хрватска, Стефан Марковски и Жељка Хорват Чеч, завршува не само #dw_BalkanBooster во Грачаница, туку тука е и крајот на целиот проект. Како тој ги промени младите книжевници?
Битола во очите на Арт и Филип
Што во Битола открија младиот косовски писател Арт Хаџијакупи и босанскиот карикатурист Филип Андроник?
Стефан и Жељка и Грачаница
Луѓето, животот, времето - сето тоа се поими со кои се занимава нашиот #dw_BalkanBooster тим во Грачаница.
#dw_BalkanBooster: „Не ни е грижа што велат политичарите!“
Рифат Рифатовиќ твори во Нови Пазар, каде го сретна тимот на #dw_BalkanBooster. Претставата „Бетон Махала“, во негова режија, била изведена ширум Балканот, но не се игра во локалниот театар, зашто не им се допаднала на политичарите. Рифатовиќ вели дека преку уметноста ги освестува луѓето. Младиот актер и режисер тоа го прави не само преку театарот, туку и преку музиката, за што зборува во видеото:
Претходна страница
Страница 9 од вкупно 10
Следна страница