You need to enable JavaScript to run this app.
Прескокни до содржината
Прескокни до главната навигација
Кон други страници на DW
Најнови видеа
Региони
Северна Македонија
Балкан
Германија
Европа
Рубрики
Политика
Економија
Општество
Животна средина
Панорама
Во фокус
Војна во Украина
Balkan Booster
Избори 2024
Најнови видеа
ТВ во живо
Реклама
Фотографија: DW
Balkan Booster
Млади новинари од Балканот во потрага по нераскажани приказни од регионот!
Balkan Booster: „Да не постоеше, ќе требаше да се измисли“
Прескокни го блокот Сите содржини на оваа тема
Сите содржини на оваа тема
#dw_BalkanBooster: „Се изјаснувам како граѓанин на светот“
Една слика, илјада зборови. Да не верувал во тоа, Самир Делиќ немало да посвети 30 год. на фотографија. „Се изјаснувам како граѓанин на светот, не ме интересираат ни Босанците, ни Србите, ниту Хрватите, зашто тоа е лудило сместено во регион, каде луѓето го запоставуваат својот живот кој е краток“, вели тој. #dw_BalkanBooster тимот, Александра и Суадела, откривајќи го Нови Пазар го пронајде Делиќ:
#dw_BalkanBooster: „Карикатуристот е Робин Худ“
Младата македонска карикатуристка Александра од Демир Хисар, која заедно со Суадела како дел од #dw_BalkanBooster тимот го истражуваше Нови Пазар, имаше среќа во тој град да го запознае познатиот балкански карикатурист Макс. Со добра идеја за карикатура, можеш да ги разбудиш дури и најнесвесните луѓе, вели Мухамед Џерлек - Макс.
#dw_BalkanBooster: Темнеење
Тимот на #dw_BalkanBooster присуствуваше на отворањето на изложбата на косовскиот уметник Рон Ќена (Rron Qenа) во Monet art&books галеријата во Приштина. Ова е негова 16. изложба, а негови дела се излагани и во Франција, Белгија, Германија, како и ширум Балканот. Тој го прикажува губењето на сјајот на косовското општество и бледеењето на сјајот на Приштина.
Довршете ја приказната...
Знаете ли што е краудрајтинг? Едноставно: многу луѓе довршуваат приказна на свој начин.
#dw_BalkanBooster: Довршете ја приказната...
Македонскиот писател Стефан Марковски е дел од #dw_BalkanBooster тимот во косовска Грачаница, заедно со хрватската писателка Жељка Хорват Чеч, и има повик до вас. За што се работи, слушнете од самиот Стефан:
#dw_BalkanBooster: Новопазарци „дишат“ за фудбалот
Денот на фудбалски натпревар во Нови Пазар е празник. Или барем така било додека клубот бил во најдобрата Супер лига. Сега е во втората, но верните навивачи не губат надеж за враќање меѓу најдобрите.
#dw_BalkanBooster: Поздрав од Грачаница
Македонскиот писател Стефан Марковски и хрватската писателка Жељка Хорват Чеч се #dw_BalkanBooster тимот кој ја запознава косовска Грачаница. Нивниот прв поздрав доаѓа од манастирот Грачаница. Еве ги првите впечатоци на двајцата млади книжевници:
#dw_BalkanBooster: Арт и Филип во Битола
Битола има многу приказни и нестрпливи сме да ги споделиме со вас, вели нашиот #dw_BalkanBooster тим, Арт и Филип, кои пристигнаа во Битола. Писателот од Приштина и карикатуристот од Сараево во наредните две недели ќе ги пренесат своите импресии од Градот на конзулите.
#dw_BalkanBooster: Исклучителна дестинација
Нови Пазар е победник на овогодишниот српски конкурс за избор на „Исклучителна дестинација во Европа“. Регионот е мал, но полн со културно-историски споменици од различни периоди. #dw_BalkanBooster тимот разговараше со единствениот лиценциран туристички водич во Нови Пазар, кој е уверен дека во сферата на туризмот може да се направи многу повеќе со подобрување на инфраструктурата и инвестиции.
#dw_BalkanBooster: Музеј за градот на Рашка
Сместен во зграда од 19 век, музејот „Рас“ ја раскажува приказната за Нови Пазар.
#dw_BalkanBooster: Музеј за градот на Рашка
Сместен во зграда од 19. век, музејот „Рас“ ја раскажува приказната за Нови Пазар. Најбројна е археолошката збирка. Музејот во 2013 година е прогласен за институција од национално значење. Што сѐ има во него и што артефактите зборуваат за историјата и сегашноста на Нови Пазар, истражуваа Македонката Александра и Албанката Суадела.
Необичен воз во Кичево
Тимот на #dw_BalkanBooster, Леила и Арбер, разговараше со интересен „машиновозач“.
Фризерката уметник
Во Вуковар нема кој не го знае фризерскиот салон на Дарија Матковиќ Живковиќ.
Школа за танцување
Леа и Азем ја посетиja „Ребус“, детска школа за танц во Сребреник, кого го бие глас дека во него сите знаат да пеат.
#dw_BalkanBooster: Едно училиште-три јазици
Три националности, три јазици и сето заедно во едно училиште. Ова им остави впечаток на нашите Леила и Арбер.
#dw_BalkanBooster: Фризерката уметник
Во Вуковар нема кој не го знае фризерскиот салон на Дарија Матковиќ Живковиќ. Таму важи правилото „направи сам“: муштериите се јавуваат на телефон, мешаат бои, пишуваат нарачки... Атмосферата е семејна. Салонот е истовремено и мал изложбен простор.
#dw_BalkanBooster: Во откривање на Нови Пазар
Македонката Александра и Албанката Суадела се во посета на Нови Пазар, Србија. Еве што младата карикатуристка од Демир Хисар и новинарката од Тирана имаат да порачаат веднаш по пристигнувањето на, за нив, непознатиот терен:
#dw_BalkanBooster: Тајните на соѕвездијата
Вучидолците, кои пред пет милениуми го населувале Балкан, се прва индоевропска култура која бележела датуми и познавала годишни времиња. Нашиот тандем #dw_BalkanBooster во Вуковар го посети музејот посветен на оваа древна култура.
#dw_BalkanBooster: Рок од Сребреник
Нашиот #dw_BalkanBooster- двоец во Сребреник ја запозна локалната рок сцена. Леа и Азем присуствуваа и на „свирка“ на еден од најпознатите бендови од градот „Генерација без компаса“.
#dw_BalkanBooster: Школа за танцување
Тимот на #dw_BalkanBooster, Леа и Азем, ја посети „Ребус“, детска школа за танцување во Сребреник, кого одамна го бие глас дека во него сите знаат да пеат.
#dw_BalkanBooster: Фосили во Сребреник
#dw_BalkanBooster: Често се случува жителите на Сребреник, при извршувањето на замјоделски работи или во текот на копање бунар, да пронајдат фосили. Фосилот на амонит, пронајден пред две години, предизвика научна полемика.
#dw_BalkanBooster во Сребреник
Леа Котлица од Нови Сад синоќа стигна во посета на Сребреник. Наредните пет дена со својот домаќин Азем Куртиќ ќе известува за случувањата во овој град. Прашање на денот: Зошто луѓето во Сребреник се будат доцна?
#dw_BalkanBooster: важноста на волонтирањето
Нашиот тим Арбер Бајрами и Леила Шетер и натаму споделуваат со нас приказни од Кичео. Овојпат сакаат да нагласат колку е важнон да се волонтира и да се биде активен во својата локална заедница. За таа цел го посетија Црвениот крст Кичево.
#dw_BalkanBooster: Едно училиште-три јазици
Три националности, три јазици и сето заедно во едно училиште. Ова им остави впечаток на нашите Леила и Арбер. Тие го посетија училиштето и разговараа со директорот и учителите.
#dw_BalkanBooster: Најстариот занаетчија во Кичево
Ковачница Чачевци- пред 300 години започна работата во Кичево на семејството со турски корени. А сега се бројат последните години. Повеќе за тоа дознајте во видеото на нашите Арбер и Леила.
#dw_BalkanBooster: Необичен воз во Кичево
Тимот на #dw_BalkanBooster, Леила и Арбер, во Кичево разговараше со еден занимлив „машиновозач“. Тој ја објаснува идејата за еден необичен културен проект во градот - како од стар воз настанала авангардна галерија.
#dw_BalkanBooster: Стигнавме во Кичево!
Тимот на #dw_BalkanBooster, Леила и Арбер од Бања Лука пред две недели тргна за Кичево. Превозно средство - возот Ќиро! Патувањето толку долго, што на Леила ѝ се причини дека траеше три недели. На крајот изгледаа така, како на двајцата итно да им треба освежување!
#dw_BalkanBooster: Подгорица во потрага по идентитетот
Како турист, во Подгорица нема да имате спектакуларни впечатоци, иако ќе ви биде пријатен домаќин со својата медитеранска клима. Но, ако дојдете тука со одредена цел, слоевите на благата хаотичност ќе Ви понудат материјал за занимливи приказни, за автентични доживувања и вистинско запознавање на еден град. Александар и Марко го откриваат за #dw_BalkanBooster.
#dw_BalkanBooster: „Погрешен“ дрес
По игра на случајот, во текот на седмицата во која Марко од Винковци беше гостин на Александар во Подгорица, се играше средбата од Евробаскет: Црна Гора - Хрватска. Наоружани со навивачки реквизити тргнаа во градот со идеја да направат приказна. Но, нивната #dw_BalkanBooster авантура не заврши ни малку весело. „Коцкастиот“ дрес изгледа не е многу препорачливо да се носи во Подгорица.
#dw_BalkanBooster: Дали е Црна Гора во ЕУ?
Добре дојдовте на вратата на ЕУ - во Црна Гора. #dw_BalkanBooster е во Подгорица, Марко и неговиот домаќин Александар го разјаснуваат прашањето - зошто пред општинската зграда се вее знаме на ЕУ.
#dw_BalkanBooster: Кои се проблемите на новинарството?
Двајцата млади новинари, Леа Котлица и Азем Куртиќ се третиот тандем од нашиот проект #dw_BalkanBooster. Во Нови Сад ги прашавме кои се проблемите на новинарството во регионот, дали новинарот смее да биде и активист и што младите ѝ донесуваат на професијата.
#dw_BalkanBooster на Фрушка Гора
Фрушкаќ е здружение на љубителите на Фрушка Гора, ентузијасти кои во меѓувреме по цел ден се занимаваат со планината во Војводина. На веб-страницата fruskac.net нудат интерактивна мапа преполна со занимливости. Основачот на платформата Никола Арежина за #dw_BalkanBooster раскажува за мотивите кои ги придвижуваат и какви сѐ „герлиски акции“ досега имале.
#dw_BalkanBooster: Префарбан мурал
Муралот на францускиот уметник Ремед (Guillaume Alby) во март во Нови Сад исчезна преку ноќ, бил префарбан пред митингот на Александар Вучиќ. Актерката Милица Грујичиќ од здружението „Верижна реакција“ за #dw_BalkanBooster зборува за тоа дека „на цензурата на уметноста се одговара со уште повеќе уметност“.
#dw_BalkanBooster во Гратче
Долниот град на Петроварадин, попознат како Гратче, претставува најголема барокна целина во регионот, а белег му се збиените улици и калдрмата. Обновата на фасадите почна летоска, а до крајот на годината би требало да бидат обновени 21 објекти.
#dw_BalkanBooster: „Да оставиме нешто зад себе“
Азем од БиХ и Леа од Нови Сад, неделава се дружат во Нови Сад во рамките на нашиот #dw_BalkanBooster. Тие се обидоа од своите врсници Сања и Оскар од студиото за тетовирање (Tattoo Spot Chicken Leg) да добијат одговори на прашањето: Да се замине или да се остане во Нови Сад?
#dw_BalkanBooster: Почна авантурата Нови Сад
Леа го пречека Азем пред катедралата во центарот на Нови Сад, место кое е главно собиралиште во градот. Тие ни откриваат што не очекува во наредните 5-6 дена. Се разбира, само како најава, бидејќи и тие самите се отворени за изненадувања.
#dw_BalkanBooster: Мора да бидеме паметни за да имаме подобра иднина
#dw_BalkanBooster-тимот ја заврши својата работа во Бања Лука. Арбер, новинар од Македонија, ѝ беше гостин на активистката Леила. Има многу сличности, па дури и во национализмот, вели Арбер по неделата мината во Бања Лука.
#dw_BalkanBooster: „Новинарството ме одбра мене“
Ана Котур има церебрална парализа и не се жали за тоа. Напротив таа неуморно работи и пишува за проблемите кои лицата со инвалидитет ги имаат во Босна и Херцеговина. Нејзините новинарски текстови досега и донеле повеќе награди. Нашиот #dw_BalkanBooster тим во Бањалука се сретна со оваа инспиративна млада новинарка.
#dw_BalkanBooster: И Бања Лука има(ла) свој „Титаник“
На 27 октомври 1969 година катастрофален земјотрес разурнал голем дел од Бањалука. Со овој трагичен настан е тесно поврзана и судбината на бањалучкиот „Титаник“.
#dw_BalkanBooster: Каде има најдобар бурек во Бања Лука?
Садин Османи е еден од најпознатите бурекџии во Бања Лука. Татко му и дедо му ширум поранешна Југославија продавале бурек под вршник. Одушевен беше и нашиот Балкан Бустер-двоец кој оваа недела е во Бања Лука. Леила и Арбер велат дека знаат каде има најдобар бурек во градот.
#dw_BalkanBooster: Во потрага по приказните на Бањалука
Арбер од Македонија по долго патување синоќа пристигна во Бања Лука. Со Леила се најде на традиционалното место за среќавање во Бањалука- пред Боска. Неговите први импресии се позитивни, а Леила ќе му помогне на стекне многу нови.
#dw_BalkanBooster: Авантурата Винковци
Еколошкиот активист Александар од Подгорица патот за првпат го одведе во Винковци, каде домаќин му беше Марко Кесељ. Неделата на шарени, напорни и забавни денови- ја измиксавме во ова видео. И ги прашавме момците: како им се допадна нивната Балкан Бустер авантура?
#dw_BalkanBooster: „Дипломирав и заминувам!
Марко и Александар направија излет во Осијек и сретнаа млади луѓе кои не веруваат дека ѝ се потребни на Хрватска и дека таа може да им го даде она што ним им е потребно. Како што е Инес Ерњеш.
#dw_BalkanBooster : „Винковци и театарот- убава приказна“
Актерот на градскиот театар во Винковци, Владимир Андриќ ги одведе Марко и Александар на „ штиците што живот значат“ и на Александар му раскажа за 100-годишниот јубилеј на неговата куќа.
Претходна страница
Страница 10 од вкупно 10
Следна страница