500 илегални мигранти од Африка успеаја да стигнат во Италија
27 декември 2005Реклама
Бегалците успеале да го минат Средоземното море и покрај силното невреме што превртело еден од бродовите.
200 лица, меѓу кои 179 мажи и десет жени, стигнале до брегот на Сицилија со пливање во студените води и излегле на копното меѓу градовите Пожала и Пела, соопштија италијанските власти. Двата други брода се укотвиле на Лампедуза.
Според министерството за внатрешни работи во Рим, од почетокот на годината 15 илјади мигранти од Северна Африка, преку јужниот италијански брег успеале илегално да влезат на територијата на Европската Унија. Меѓутоа, хуманитарната организација Сент Едиџио соопшти дека од 1990 година, при таквите обиди животите ги загубиле 2000 мигранти.