Џонсон: Британците се многу дебели
29 јуни 2020Џонсон, кој на почетокот на годината за себе рече дека треба да ослабне, во април заврши на интензивна нега со потреба за кислород откако се зарази од коронавирус. Подоцна рече дека лекарите му го спасиле животот. Тоа искуство го натерало Џонсон да апелира до своите сонародници да размислуваат за своето здравје.
„Имав многу слободен став за обезноста но кога ќе ги погледнете бројките, притисокот врз здравствениот систем, ќе споредите, се плашам дека оваа наша прекрасна земја во однос на другите европски земји, ние сме многу подебели од останатите, со исклучок на Малтежаните. Тоа е проблем“.
Велика Британија има една од највисоките стапки на дебелина во светот: речиси една третина од возрасните се со прекумерна тежина. Во светски рамки, дебелината тројно се зголеми од 1975 година досега, според податоците на Светската здравствена организација.