Јушченко во Берлин
10 март 2005Украинскиот претседател Виктор Јушченко кој од вчера престојува во Берлин ја потврди стратешката определба на Украина зачленство во ЕУ. Вчера, на првиот ден од дводневната официјална посета имаше разговор со германскиот претседател Хорст Келер кој вети дека Германија ке ја поддржува Украина во спроведувањето на реформите. Денес напладне, Јушченко се сретна и со германскиот канцелар Герхард Шредер, а попладнето како 22 по ред светски политичар се обрати и до парламентарците во Бундестагот.
Јунакот на минатогодишната портокаловата револуција, сега актуелен претседател на Украина Виктор Јушченко, иако во Берлин пристигна во екот на визната афера која во средиштето ги има нерегуларностите во издавањето визи од страна на германската амбасада во Киев, не ја пропушти шансата да го искористи џокерот на симпатии. По Москва, Берлин е негова втора станица откако е на чело на Украина.Тука уште на стартот на разговорите со германскиот претседател Хорст Келер, Јушченко ја претстави определбата на Украина за членство во ЕУ и побара германска поддршка. Ветување доби и тоа не само од претседателот Хорст Келер, туку и од канцеларот Герхард Шредер кој на прес конференција најави дека Германија ке и помогне на Украина за влез во евроатлантските структури, како и во напорите Унијата да и го признае статусот на држава со пазарна екомонија, што од друга страна е придонес кон аспирациите за членство во Светската трговска организација.
"Германија за Украина е партнер број еден во Европа. Економската соработка и размената мегу двете земји е во обем на 4 милијарди евра и ова е една добра основа за натамошните билатерални односи" - кажа и Виктор Јушченко, подвлекувајки дека по потпишаниот акционен план за 3 години мегу Украина и ЕЗ за економски, политички и хуманирни реформи, ја поздравува и иницијативата на канцеларот Шредер за создавање една експертска група која ке се грижи околу конкретни стопански проекти кои во прва линија ја опфаскаат енергетиката. Во оваа смисла германска стопанска делегација за две недели ке престојува во Киев.
Инаку, Јушченко како 22 по ред странски политичар имаше обракање во Бундестагот каде пред пратениците подвлече дека Украина е една европска држава и треба да биде неразделен дел од Европа.
На официјалната средба со новинарите во Берлин не се проговори за аферата со злоупотребата на визите во германската амбасада во Киев, тема која вчера беше спомната во разговорот Јушченко-Фишер и заради која опозицијата бара одговорност, но која не ја заобиколи Волфганг Тирзе, претседателот на Бундестагот кој пред обраћањето на Јушченkо забележа дека "Украинците и Украинките во Германија се добредојдени, исто како секој гостин"...
Јушченко, инаку и натаму се залага за олеснет режим на доделување визи за украинските грагани, особено за оние кои тука студираат, или службено патуваат и што е најважно најави дека во најкус рок ке бидат симнати задолжителните украински визи за граганите од Европската Унија.