Јунус ја доби Нобеловата награда за мир
10 декември 200666 годишниот Јунус познат како банкар за сиромашните, ја доби наградата за мир заедно со својата Гремин банка, за програмата за помош на сиромашните преку микрокредити. При врачувањето на наградата Јунус ги повика лидерите на борба против сиромаштијата која според него е закана за светскиот мир:
„ Ако можете да го пренесеме ова низ светот, можеме да создадеме постепено земја по земја да нема никаде сиромаштија, така што ќе формираме музеи за сиромаштија. Секој кој ќе сака да ја види сиромаштијата ќе мора да зго посети музејот. Тоа можеме да го сториме од град до град„
Јунус најави дека половина од паричната награда, вредна 1,1 милион евра ќе ја искористи за социјален проект со кој би требало да се обезбеди евтина храна за сиромашните. Инаку попладнево во Стокхолм ќе бидат доделени и нобеловите награди за литература која шведскиот Крал Карл 16 лично ќе му ја додели на турскиот писател Орхан Памук, како и наградите за медицина, физџика, хемија и економија кои ќе ги добијат шест носители од САД.