Штрајкови против мерките за штедење во Италија и во Шпанија
6 септември 2011Реклама
Во Италија е закажан осумчасовен штрајк против мерките за штедење на владата на Силвиот Берлускони, кои можеби ќе бидат одобрени од страна на парламентот веќе до крајот на неделава. Особено се критикува олабавувањето на правилата за заштита на работното место и повлекувањето од првичната намера да биде воведен супер-данок за богатите. Поради штрајкот се очекуваат големи проблеми во железничкиот, автобускиот и авио-сообраќајот, како и во јавниот сектор. Во Шпанија, пак, синдикатите повикаа на штрајк поради тоа што во уставот на земјата беше внесена таканаречена кочница за задолжување. Централната протестна манифестација ќе се одржи вечерва во Мадрид.
Автор: ЕМФ/ЖА/дв
Редактор: Симе Недевски