„Што повеќе Балкан во НАТО, тоа помалку НАТО на Балканот“
26 март 2008Реклама
„НАТО е синоним за безбедност, термин што на Балканот од
секогаш играл клучна улога. Второ Алијансата е заедница на
вредности, на која и‘ припаѓаат голем број европски земји.
Пристапувањето кон НАТО може да значи и скорешен прием во
ЕУ“ – појаснува македонскиот Министер за надворешни работи
Антониот Милошоски во статијата за „Ноје цирихер цајтунг“.
Понатаму тој се осрвнува на регионалниот контекст со
независноста на Косово, Србија која се наоѓа на крстосница и
Босна и Херцеговина со недоволно развиена државна кохезија,
па вели:
„Регионот се‘ уште не е слободен од конфликтен потенцијал. Оние кои го познаваат Балканот денес со право ќе заклучат дека мнозинството земји се наоѓаат на патот кон евро-атлантските интеграции. Но, оние кои не го заборавиле Балканот од вчера, сигурно нема да ги потценат безбедносните ризици. Иако денес има помалку екстремисти, не е никаква тајна дека некои од нив и понатаму сонуваат за создавање големи држави. Со проширувањето на НАТО во регионот ќе стане сосема јасно дека има место само за поголемо НАТО и поголема ЕУ. Затоа приемот на земјите од Јадранската повелба ќе биде важен чекор во насока на консолидација на европската безбедност и стабилноста на нејзиниот југо-источен дел“ – читаме во авторската статија на Антонио Милошоски во „Ноје цирихер цајтунг“.
Истиот весник објавува и текст под наслов „Српска одбрамбена стратегија“ посветен на барањето на премиерот Воислав Коштуница за продолжување на преговорите меѓу Белград и Приштина околу статусот на Косово. Во него читаме:
„Желбата на Коштуница за нови преговори е дел од стратегијата насочена кон поделба на Косово. Надлежниот српски министер Слободан Самарџиќ потврди дека му испратил соодветна понуда на шефот на УНМИК за „функционална разделба“ меѓу Косовските Срби и Албанци. Во неа се подвлекува дека по прогласувањето независност создадена е ситуација во која Косовските Срби со помош на официјален Белград и во соработка со УНМИК мораат да бидат надлежни за нивниот живот. Тоа според Самарџиќ се однесува и на јужните српски енклави, а не само на северот. Ваквиот план наиде на решително отфрлање од страна на официјална Приштина„ – читаме во „Ноје цирихер цајтунг“.
„Зиддојче цајтунг“, пак, донесува интервју со шефот на новата мисија на ЕУ за Косово, Питер Фејт, во кое меѓу другото тој одговара на прашањето: како мисли да ги спроведе активностите на мисијата во северниот дел и во другите српски енклави.
„Нашиот настап ќе биде различен. На северот српските општини се хомогени, а на југот се измешани со албанско население. Имаме добри контакти со српските лидери јужно од реката Ибар. Сакаме да им понудиме економска помош и да ги поттикнеме на соработка со косовските институции. А што се однесува до северот, за тоа знам дека може долго да потрае, не сум наивен. Според планот на Ахтисари во Митровица ќе има две општини, српска и албанска, а за соработката меѓу нив ќе биде надлежен посебен совет„ – појаснува Питер Фејт во интервју за денешен „Зиддојче цајтунг“.

Реклама