Шредер ја заврши посетата на Бугарија
14 август 2004Посетата на германскиот канцелар Герхард Шредер на Софија предизвика голем интерес во медиумите. Новинарите се на едно мислење: разговорите во Софија пред се се важни за економските односи меѓу двете земји. Со канцеларот за Софија отпатуваа и претсавници од познати германски фирми меѓу другите и од Дојче банк, Е - ОН Рургас, Кауфланд. Германските инвеститори имаат интсерес во областа на енергијата, бугарската железничка мрежа како и во други инфраструктурни проекти. Во текот на посетата се потпиша и договор меѓу бугарската армија и Дајмлер Крајслер за модернизација на возилата.
Политичкиот дел на посетата на канцеларот не донесе изненадувања. По разговорите во четири очи со бугарскиот премиер а потоа и со двете делегации, Герхард Шредер како што се очекуваше ја потврди германската поддршка за влез на Бугарија во ЕУ во 2007 година. “И честитам на Бугарија за заваршувањето на преговорите за влез, тоа е јасен сигнал за членство.” рече Шредер на заедничката прес конференција. Германскиот канцелар ја пофали и динамиката на реформите во Бугарија и изрази надеж дека на престојниот самит на ЕУ на есен официјално ќе биде потврден крајот на преговорите, така што Бугарија во идната пролет ќе може да го потпише договорот за членство.
На прашањето што Гермнија може да научи од Романија и Бугарија, канцеларот Шредер одговори:
“Оптимизам. Волја да им се пристапи на промените, позитивно да им се пристапи, да се учествува во промените, и да се направи нешто добро од тоа. Тоа овде не е секаде случај, но е доста распространето.”