Шефер во Берлин: прашањето за статусот на Косво е неизбежно
8 октомври 2004Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер е согласен со германскиот министер за одбрана Петер Штрук, чиј гостин беше вчера во Берлин, дека прашањето за статусот на Косово е неизбежно. Шефер, кој престојуваше во Берлин во рамките на подготовките за претстојната средба на министрите за одбрана на земјите на НАТО, во врска со претстојните избори на Косово нагласи: “Многу е важно косовските Срби да учествуваат на изборите. Јас многу се надевам дека ќе биде така. Исто така е важно меѓународната заедница таму да го има главниот збор во барањето политичко решение за косовското прашање”.
Шефер со тоа алудираше на распламтениот спор дали не треба побргу да биде решено прашањето за статусот. Меѓународната заедница според превобитните планови би требало кон средината на наредната година да оцени во колкава мера се достигнати бараните стандарди во демократскиот развој на покраината. НАТО на Косово има стационирани 18 илјади војници. Со безредијата во март им е зададен удар на напорите зо воспоставување мултиетничко општетство.
Шефер во Берлин ги пофали војниците на Бундесверот за доброто извршување на задачите во Авганистан, што исто така ќе биде една од темите на министерската конференција на НАТО во Букурешт. Генералниот секретар бара од земјите на Алијансата да испратат повеќе војници за ангажман во внатрешноста на таа земја, каде сега претстојат претседателски, а во наредната година и парламентарни избори.
Шефер не гледа можности за интевенција на НАТО во суданскиот конфликтен регион Дарфур.