Црна Гора гласа за независност
21 мај 2006Процесот на распаѓање на поранешна Југославија сеуште не е завршен:на дебата не е само независноста на Косово,туку и црногорското раководство со години се стреми кон раздвојување од Србија.Денеска по долгогодишни надвлекувања во Црна Гора е во тек меѓународно одобрен референдум за независност.Приврзениците на отцепувањето според анкетите водат,но дали тоа ќе биде доволно,не е сигурно:за независност треба да гласаат најмалку 55 проценти од граѓаните.
Уште во времето на неодамна починатиот српски претседател Слободан Милошевиќ, Мило Ѓукановиќ, тогашен црногорски претседател,спореше за независност од Белград.И секогаш одново од западноевропските главни градови добиваше одговор:сочекајте!
Во меѓувреме Ѓукановиќ,сега е премиер,доби меѓународна поддршка,која е неопходна,за независна Црна Гора да биде призната и во заедницата на државите.Сега останува гласачите да излезат и на референдумот да гласаат со „да“:
-По 21 мај нема да има губитници.Тоа ќе биде наша голема заедничка победа,за доброто на сите граѓани на Црна Гора,во интерес на јакнење на врските со Србија и изградување ново поглавие и подобри односи со сите наши соседи,на патот кон нашата заендичка европска цел.
Приемот во ЕУ,смета Ѓукановиќ,на независна Црна Гора би и успеал побрзо отколку заедно со Србија.Наводните нераскинливи врски со Белград тој започна да ги сече уште прд неколку години,на пример кога ја воведе германската марка а подоцна еврото,и тоа еднострано,без да ја праша ЕУ.
Но,од Брисел не беше дадено зелено светло за натамошно цепкање на Југоисточна Европа.Тоа,гласеше стравувањето,би бил погрешен сигнал и до Албанците кои исто стремат кон независност на Косово и во Македонија.Но,ЕУ не можеше целосно да ги игнорира повиците од Црна Гора,се обиде со преодно решение:да добие поголема автономија во сојузот со Србија,Југославија беше претворен аво државен сојуз.За возврат,Ѓукановиќ требаше да сочека три години со референдумот за независност.
Сега тој рок истече,а се покажа дека црногорското раководство беше активно во многу области кои спаѓаа во заеднички домен на сојузот.На пример надворешната политика:Ѓукановиќ спроведе дипломатска офанзива за популаризирање на темата независност без согласност од централата од Белград.
Но, сеуште не е постигната целосна државна независност,во Црна Гора со 650 илјади жители има и противниц на идејата.Главен противник на Ѓукановиќ е Предраг Булатовиќ,долгогодишен штитеник од Слободан Милошевиќ,кому му се префрлува дека е комунистички тврдолинијаш.Неговиот апел до народот:
-На референдумот во Црна Гора важи секој глас,таа е татковина на сите граѓани подеднакво,на Србите како и на Црногорците,Бошњаците и муслиманите,Албанците и Хрватите.Само неподелена Црна Гора е наша Црна Гора.
Во Србија кон референдумот с егледа со растечка беспомошност.Премиерот Војислав Коштуница се изјаснува за задржување на државниот сојуз:
-Постојат есенцијални причини според кои е подобро да се задржи државната заедница ,отколку да се почне со нови делби на регионот со сите проблеми кои ќе произлезат од нив.
Најважната причина која зборува за одржувањето на државниот сојуз е економската слабост на Црна Гора:речиси нема индустрија,индустријата зависи од туризмот,а тој може и да потфрли понекогаш.