Црвенковски во Бугарија
27 април 2005Македонија и Бугарија немаат политички проблеми. Напротив, односите се одвиваат на највисоко можно ниво, било констатирно на претпладневните средби во Софија на македонскиот претседател Бранко Црвенковски со буграскиот државен врв.
Отворањето на културните центри, македонскиот денеска во Софија и бугарскиот претходно во Скопје, е само потврда на пријателството. Пример се и добрите бизнис контакти, било обострано потврдено во разговорите.
Претседателот Прванов и премиерот Саскобурготски се интересирале и за најновиот раѕвој на настаните околу македонско грчкиот спор за името. Тие му соопштиле на македонскиот шеф на државата дека Бугарија и натаму ќе се заложува за уставното име на Македонија, а Црвенковски потенцирал дека Скопје останува на познатата позиција за устаното име во меѓународната употеба, а компромисно решение со грција.
Црвенковски ги информирал Прванов и Саскобурготски и за неодамнешните локални иѕбори во македонија, како и за уставните промени во земјата соглано реформите што треба да се спроведат.
Бугарските авторитети, пакм кои завчера во Луксембург добија европска виза ѕа членство ветиле дека ќе и помагаат на Македонија и во нејзиното идно евроинтегрирање, како и во заложбите до крајот на 2005-та да добие статус на земја кандидат за членство во унијата. Станало збор и за коридорот 8. Двете страни констатирале дека реализацијата на тој и другите инфраструктурни проекти во регионот мора да продолжи и оти во врска со тоа треба заеднички да се настапува кај меѓународните финансиски институции.