„Цар Киро“ е уапсен
28 септември 2011Реклама
Според бугарскиот кривичен законик, Кирил Рашков може да добие казна затвор до шест години, а му се заканувал на жител на селото Катуница, близу Пловдив. Главниот секретар на бугарското МВР Калин Георгиев за софиските медиуми изјави дека Рашков и неговото семејство „20 години правеле што сакале“.
Кирил Рашков и неговото семејство се одведени од Катуница, откако во селото на 23 септември беше прегазено 19-годишно момче, а низ селото се тврди дека кривичното дело го сториле луѓето на цар Киро.
Настанот доведе до немири во селото, во кое беа запалени неколку куќи на семејството Рашков. По демонстрациите во Катуница антиромските протести се проширија низ цела Бугарија.
Автор: ЖА/миа
Редактор: Е.М.Фиданоска